Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Нестрпливо бебе турка во стомакот на мајката

ВИДЕО: Нестрпливо бебе турка во стомакот на мајката

Познато е дека бебињата ја истражуваат својата околина уште додека се во стомакот на мајката и нема ништо поубаво за една мајка од тоа да го почувствува движењето и клоцањето на своето неродено бебе.

На интернет се појави видео во кое едно активно неродено бебенце силно клоца и се превртува, а неговите движења значително ја менуваат формата на стомакот на мајката.

Постојат многу видеа во кои идните родители го снимаат движењето на своите неродени деца, но ова се смета за малку поекстремен случај.

„Никогаш немам видено такво движење на бебе во мојата досегашна работа, многу е возбудливо. Тоа е добар знак дека бебето е здраво. Видеото е екстремен случај и изгледа дека тоа е многу активно дете“ – изјавила Сузан Мореј која е акушерка веќе 15 години.

Погледнете го видеото кое некои блогери го споредуваат со сцена од филм со вонземјани.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11164 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.