Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Најскапото колаче на светот со 23-каратно злато

ВИДЕО: Најскапото колаче на светот со 23-каратно злато

„Златниот феникс“ е името на најскапото колаче на светот, кое како што можеби ќе претпоставите беше презентирано во Дубаи.

Луксузниот десерт е приготвен од чоколадо и ванила со врвен квалитет, а е декорирано со златна прашина и златна фолија од 23-каратно злато.

Најскапото колаче

Но, иако ќе платат многу, купувачите ќе можат да му се восхитуваат на слаткиот десерт само 15 минути. Скапото чоколадо искористено за создавање на колачето се топи по 15 минути и десертот целосно го променува примамливиот изглед.

За да се приготви позлатениот десерт потребни се два дена, а освен тоа се прави со специјални скапи состојки, па единствено може да ви биде послужен ако сте направиле нарачка 48 часа претходно.

Оној што ќе го посака целиот десерт како што е презентиран на фотографиите и во видеото, ќе треба да се раздели со 22.000 евра, а „поскромните“ кои ќе се задоволат само со колачето, ќе треба да платат 800 евра.

Најскапото колаче

Кога креаторот бил запрашан кој би платил 22.000 евра за десерт, тој одговорил: „Тоа е исто како купување на скапа слика или скап автомобил или дури часовник“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9503 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.