Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Најразгаленото девојче на светот?

ВИДЕО: Најразгаленото девојче на светот?

Се сеќавате на вашиот 6-ти роденден? Најверојатно тоа била мала забава со торта што ја направила вашата мајка. Можеби тогаш ви го купиле подарокот што сте го сакале и сте си мислеле дека имате сè што ви е потребно.

Но, некои родители не се задоволни со скромна забава. 45-годишната Американка Никол решила да ѝ организира на својата ќерка роденден од соништата и потрошила 32 000 долари за магичната прослава од бајките.

ГрејсГрејс ги отвора подароците

Само за поканите за роденденот биле платени 3000 долари, а шарената торта која требало да ја воодушеви нејзината ќерка чинела 2100 долари.

За забавата сите биле облечени во костими. Никол и нејзиниот сопруг како крал и кралица, децата како мали принцези и принцови, а биле ангажирани танчери, како и актери кои биле дворски шутови и жонглери.

6-годишната славеничка Грејс еден ден пред забавата била и на СПА третмани за да изгледа најдобро за нејзиниот роденден од бајките.

На денот на роденденот, Грејс облечена како принцеза пристигнала пред замокот со кочија во стилот на Пепелашка и забавата започнала.

ГрејсПристигнувањето на Грејс со кочија

Работите се одвивале во најдобар ред сè додека во просторијата каде што се одржувала забавата не била внесена тортата. Кога ја здогледала тортата, малата Грејс веднаш се налутила затоа што тортата била украсена со виолетова птица, наместо со сина. Грејс не само што не се израдувала, туку се расплакала и ја одбила тортата.

Нејзината мајка ја оправдала ваквата постапка со зборовите „Таа е малку перфекционист“.

Роденденот на Грејс бил прикажан во шоуто Outrageous Kid Parties. Мајката на Грејс планирала целата забава да чини 15 000 долари, но со цел нејзината ќерка да го добие најдоброто, стигнала до двојно поголема сума. Таа побарала и две сметки, една за неа, а една за нејзиниот сопруг, за тој да не ја дознае вистинската цена на големата забава.

Погледнете како изгледаше забавата на Грејс и видете ја нејзината реакција за „згрешената“ торта.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.