Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Мигрант од Африка се искачи по балкони за да спаси дете кое висеше од 4. кат, се сретна со Макрон и доби државјанство

ВИДЕО: Мигрант од Африка се искачи по балкони за да спаси дете кое висеше од 4. кат, се сретна со Макрон и доби државјанство

Необично спасување на дете го привлече вниманието на светската јавност, а херојот доби гласни аплаузи и пофалби и нова шанса за подобар живот.

Кога Мамуду Гасама здогледа мало дете како виси од балконот на 4. кат на зграда во Париз, без двоумење започна да се искачува и за секунди успеа да го спаси. Од видеото лесно е да се види зошто тој е нарекуван херој и споредуван со Спајдермен.

Мамуду Гасама

По драматичното спасување, станало јасно дека Гасама е мигрант кој неколку месеци престојувал во француската метропола со надеж за подобар живот, а неговото добро дело не остана ненаградено.

Имено, претседателот Емануел Макрон лично се сретна со Гасама за да му се заблагодари, му додели признание за храброст и му вети дека ќе бидат средени неговите документи за престој во Франција. Исто така, смелиот херој доби понуда за работа во пожарникарска служба.

Мамуду Гасама Мамуду Гасама

За одлуката да тргне да го спаси детето, 22-годишниот херој рекол: „Немав време за размислување, истрчав преку улицата и го спасив. Се искачив и фала му на Бог, Бог ми помогна. Колку повеќе се искачував, толку повеќе ми се зголемуваше храброста да одам повисоко.“

Започната е истрага за да се утврди како се стигнало до инцидентот. Засега познато е дека детето било оставено само дома.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12008 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.