Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Мејкап АНТИтуторијал

ВИДЕО: Мејкап АНТИтуторијал

На YouTube можете да најдете фантастични мејкап туторијали кои покажуваат како да ја користите шминката за да постигнете попривлечен изглед.

Но, Шерон Фарел одлучи малку да се оттргне од вообичаените методи за делење совети за шминкање и создаде одличен мејкап АНТИтуторијал.

Во видеото таа се шминка правејќи ги најиритирачките грешки при нанесувањето на шминката, како нападно оцртување на устата за нејзино здебелување, течна пудра во нијанса која е многу потемна од кожата, премногу пудра во прав, премногу видливо контурирање, цртање предолги веѓи, нанесување сенка од капаците до веѓите, точки од маскара на очните капаци...

Најинтересното во видеото е што Шерон е многу добра во лошото шминкање, па резултатот сигурно ќе ви биде забавен.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11270 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.