Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Мајкл Дамески одушеви во финалето на шоуто на Џенифер Лопез, го освои второто место

ВИДЕО: Мајкл Дамески одушеви во финалето на шоуто на Џенифер Лопез, го освои второто место

Мајкл Дамески со сите сили се бореше во финалето на шоуто „World of Dance“, чиј продуцент и член на жирито е Џенифер Лопез.

Австралиецот со македонско потекло танцуваше на „Survivor“ во големото финале.

Видео

Иако даде сè од себе, по последното рангирање, Мајкл остана на второ место. Наградата од милион долари заврши кај групата The Lab.

„Многу сум благодарен за ова искуство. Научив многу за себе и за своите способности. Ништо не може да ме запре, ќе продолжам да го правам она што го сакам. Можеби не освоив еден милион долари, но дефинитивно се чувствувам како да освоив еден милион срца. Тоа ми значи повеќе од сè. Им честитам на финалистите! Сите кои настапуваа во ова финале ја заслужуваа наградата, нема сомнеж во тоа. До следниот пат...“ – напиша тој на Instagram.

Мајкл Дамески

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11174 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.