Почетна » Новости » Занимливости » Австралиецот Мајкл Дамески, кој има македонско потекло, одушевува во шоуто на Џенифер Лопез

Австралиецот Мајкл Дамески, кој има македонско потекло, одушевува во шоуто на Џенифер Лопез

Македонската јавност го запозна Австралиецот со македонско потекло Мајкл Дамески уште во 2014 година, кога победи во австралиската верзија на шоуто за танц „So You Think You Can Dance“.

22-годишниот танчар, кој во моментов живее во Лос Аџелес за да го следи својот сон, продолжува да го одушевува светот како еден од натпреварувачите во шоуто „World of Dance“, чиј продуцент е Џенифер Лопез. Тој досега има настапено во три рунди од шоуто, кои го носат сè поблиску до финалето, кое ќе се одржи на 12 септември годинава.

Најновата кореографија, со којашто настапи во третата рунда „The Cut“, Мајкл им ја посвети на своите „неверојатни баба и дедо“ од Македонија. Тој танцуваше на песната од Сем Смит „Lay Me Down“.

Видео

„Оваа кореографија има многу специјално значење за мене затоа што им ја посветувам на моите неверојатни баба и дедо. Преселувањето на другата страна од светот за да ги следиш твоите соништа носи многу тешки моменти, а за мене еден од нив е што не можам да ги видам моите баба и дедо онолку често колку што посакувам. Јас сум ова што сум поради нив“ – напиша тој на Instagram.

Во видео снимено пред настапот Дамески откри дека неговите баба и дедо имале огромна улога во неговиот живот додека растел во Сиднеј, Австралија. За жал, неодамна нивното здравје започнало да се влошува, па тој низ солзи призна дека му е многу тешко што е далеку од нив.

Видео

Мајкл Дамески Мајкл Дамески

Во првата рунда „Qualifiers“, Дамески танцуваше на песната „Mercy“ од Шон Мендес и ги одушеви сите присутни, вклучително и жирито составено од Џенифер Лопез, Не-Јо и Дерек Хаф.

Видео

Мајкл Дамески Мајкл Дамески Мајкл Дамески

Во дуелите, Мајкл танцуваше на синглот на Ели Голдинг „Hanging On“ и доби само комплименти од жирито.

Видео

Мајкл Дамески

Во детството Мајкл настапи и на македонскиот детски фестивал „Златно злавејче“.

Видео

Мајкл Дамески Мајкл Дамески Мајкл Дамески Мајкл Дамески Мајкл Дамески

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11051 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.