Почетна » Новости » Занимливости » Видео кое ги освојува родителите: Вашиот нормален ден за вашето дете може да биде магичен

Видео кое ги освојува родителите: Вашиот нормален ден за вашето дете може да биде магичен

За мајките секој ден е сличен на претходниот – менување пелени, пресоблекување, готвење, чистење... Во низата обврски, тие честопати забораваат да уживаат во малите слатки моменти од мајчинството.

Но, не и децата.

Блогерката Естер Андерсон преку прекрасно видео нè потсетува колку поразлично гледаат нашите малечки на „нормалните денови“. Во него, таа му раскажува на сопругот како ѝ поминал денот и дека тој бил: „Само нормален ден“, додека неговата ќеркичка има сосема друга перспектива. Насмевките, бакнежите, возењето во количката за пазарување, јадењето торта од земја... нејзе ѝ го направија денот најубав досега.

„Бидејќи вашето нормално за нив може да биде магија“ – пишува на крајот од видеото, кое е хит меѓу родителите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11539 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.