Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Како еден бездомник со големо срце ги потроши подарените 100 долари?

ВИДЕО: Како еден бездомник со големо срце ги потроши подарените 100 долари?

Социјален експеримент на Џош Палер Лин го освојува светот, благодарение на несебичната постапка на бездомник со големо срце.

Џош му подарил на бездомникот Томас 100 долари со идејата да го следи за да види како ќе ги потроши парите. Кога Томас влегол во продавница за алкохолни пијалаци, Џош се разочарал, но и покрај тоа продолжил да го следи со камера.

Пријатното изненадување следело минути подоцна, кога во близок парк Томас започнал да вади од торбата храна и да им ја подарува на други сиромашни лица.

Запрепастен од великодушната постапка, Џош му се извинил на Томас и му дал уште 100 долари.

Пред камера Томас раскажал дека останал на улица поради сплет на околности. Имено, тој дал отказ за да може да се грижи за очувот кој бил болен од рак. Во тоа време живеел и со својата мајка. Две недели откако починал неговиот очув, починала и мајка му, а зградата во која живееле била продадена.

Приказната на Томас трогна многу луѓе и веќе е создадена сметка за донации на која за помалку од 24 часа пристигнале над 18.000 долари.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11200 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.