Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Ѝ предложи брак на саканата додека танцуваа на песна од Френк Синатра

ВИДЕО: Ѝ предложи брак на саканата додека танцуваа на песна од Френк Синатра

Џошуа Дела Круз имал на ум нешто интересно кога решил да ја побара раката на својата девојка. Талентираниот танчар ѝ предложил брак на саканата додека изведувале кореографија на романтична песна од Френк Синатра.

Џошуа ја замолил својата девојка Аманда Филипс да му се придружи во снимањето на видео во кое ќе танцуваат на песната „You Make Me Feel So Young“. Тие танцувале на истата песна и пред пет години кога ја започнале врската, но никогаш не ја завршиле кореографијата.

За да ја реализира својата замисла, тој побарал помош од неколку пријатели кои се вклучиле во овековечувањето на среќниот момент. Предлогот бил вистинско изненадување за Аманда. Погледнете го:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9535 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.