Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Запознајте ги најстарите младоженци на светот

ВИДЕО: Запознајте ги најстарите младоженци на светот

Никогаш не е доцна кога љубовта е во прашање, а Роуз и Форест Лансвеј се вистински доказ за тоа. Со вкупна возраст од 190 години тие се најстарите младоженци на светот.

Роуз и Форест ЛансвејРоуз и Форест Лансвеј

Кога пред скоро 30 години Форест ја побарал раката на Роуз, таа се согласила да стане негова жена на денот на неговиот 100-ти роденден.

„Застана на колена и ме побара за жена и потоа ми рече да ја изберам датата, а јас му одговорив: ќе се омажам за тебе на твојот 100-ти роденден“ – раскажала Роуз за новинарите на The Daily.

И навистина, на 19 март оваа година Роуз и Форест стапија во брак и со тоа станаа најстариот пар кој некогаш стапил во брак. Тие планираат и да аплицираат за Гинис, затоа што се за 82 дена постари од францускиот пар кој засега го држи тој рекорд.

Роуз и Форест Лансвеј Роуз и Форест Лансвеј

Форест и Роуз се запознале преку заеднички пријатели кои решиле да ги спојат откако дознале дека Роуз бара партнер за танцување. Не поминало долго време пред Форест да се всели кај неа. На почетокот на врската си направиле список на работи кои сакаат да ги направат во животот и до денес ги имаат пречкртано повеќето од нив, меѓу кои и прошетка по целото крајбрежје на Калифорнија и кајакарење во Аљаска.

90-годишната Роуз има и мудри совети за бракот: „Почекајте и запознајте се еден со друг“, а на прашањето која е тајната на романсата, таа одговорила: „Проштевајте, бидете трпеливи и одвреме-навреме велете Те сакам“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10398 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.