Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Емотивна реакција на девојче кое на роденденот дознава дека ќе биде посвоено

ВИДЕО: Емотивна реакција на девојче кое на роденденот дознава дека ќе биде посвоено

Девојче не може да си ги задржи солзите кога на роденденот ќе дознае дека ќе биде посвоено од парот каде било згрижено.

Во видеото, 10-годишната Ајви отвора специјален роденденски подарок во кој е завиткана рамка со порака. „Ќе бидам посвоена!“ – извикува Ајви пред да започне да лее солзи-радосници.

„Те сакаме миличка. Ние секогаш ќе ти бидеме родители“ – вели нејзината мајка Пејџ.

Пејџ и нејзиниот сопруг Даниел одлучиле да ги посвојат и биолошките брат и сестра на Ајви, 3-годишниот Кеј и 2-годишната Лита.

Погледнете го видеото:

Ова засекогаш ќе биде моето омилено видео што сум го споделила. Ова беше денот кога ѝ кажавме на нашата ќерка дека ќе можеме да ја посвоиме (како и нејзините брат и сестра)!

Таа се молеше да биде посвоена и ние дознавме на нејзиниот роденден дека тоа ќе се случи! Па, следниот ден ѝ дадовме кутија со изненадување! Тајмингот на Бог беше совршен.

Нашите деца беа згрижувани 1.128 дена, во текот на 3 години. Тешко е за децата да живеат во таква неизвесност.

Посвојувањето е неверојатно и сакаме и другите да знаат дека посвојувањето на постари деца и групи од браќа и сестри може да биде најубавата авантура која можете да ја имате!

Зезулка Зезулка Зезулка

Пејџ и Даниел Зезулка го започнале процесот за посвојување на Ајви и Кеј во 2016 година, пред да се роди нивната сестра Лита. Првоначално, децата требало да се вратат кај родителите, но откако станало јасно дека тоа не е најдобрата опција за нив, тие биле сместени во згрижувачко семејство.

„Ајви е прекрасна и специјална, благословени сме што ни е ќерка. Понекогаш луѓето се плашат да ги земат предвид постарите деца, си мислат дека тие можеби ќе бидат ‘оштетени’. Нас ни падна џекпот. Ајви е многу благодарна. ни кажува дека сме прекрасни родители и е благодарна што е дел од нашето семејство, што е безбедна и сакана. Таа е прекрасна и ние сме благословени што ни е ќерка“ – рекла Пејџ.

Зезулка

„Таа живееше прашувајќи се што ќе се случи со неа. Ние го сакаме нејзиното биолошко семејство, како и таа, но стана јасно дека местото каде што сака да биде е со нас. Бог беше неверојатен со нас. Првата вечер кога таа се пресели кај нас, нè праша дали може да нè вика мама и тато. Вториот ден, нè праша дали ќе може да остане засекогаш“ – додала таа.

Зезулка

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8908 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.