Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Дени МекАскил и неговиот екстремен велосипедизам

ВИДЕО: Дени МекАскил и неговиот екстремен велосипедизам

Кога Дени МекАскил го објави првото свое видео на YouTube, неговиот живот се промени.

Видеото во кое тој прави неверојатни изведби со својот велосипед моментално стана интернет хит. Преку ноќ тој доби 300 000 клика, а до денес видеото наречено „Inspired Bicycles“ е гледано преку 20 милиони пати.

Феноменалниот велосипедист го објави и своето ново видео. Краткиот филм „Way Back Home“, кој е сниман од неговиот пријател Дејв Соверби, го прикажува Дени како прави скокови со својот велосипед победувајќи ги законите на физиката.

Во видеото, патувајќи од Единбург до неговиот роден град, Дени ја користи секоја можност за да го покаже својот талент. Погледнете го.

„Way Back Home“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9477 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.