Емили Меза има само една година, а веќе ја води најтешката битка во својот живот – борбата со леукемијата. Откако мина 48 дена во болница, малото девојче доби прекрасно изненадување од страна на медицинскиот тим.
Во видеото, медицинските сестри ѝ пеат на храбрата Емили, среќни што заврши последниот ден од хемотерапијата и таа конечно може да си оди дома кај своето семејство.
„Денес е специјален, застрашувачки, емоционален и исполнет со радост ден. Емили е пуштена од болница. Со тоа, среќни сме што можеме да кажеме дека Емили заврши со хемотерапијата. Еден голем чекор е зад нас, а сега ќе започнеме нов. Возбудени сме што можеме да ѝ овозможиме на Емили мал почеток кон полунормално детство“ – стои во описот на видеото објавено на Facebook.
Целото лекување на Емили е документирано од нејзиниот татко со фотографии и видеа кои ги споделува на социјалните мрежи. Нејзе ѝ била дијагностицирана акутна лимфоцитна леукемија кога имала само 9 месеци и морало да ѝ биде пресадена коскена срж.




