Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Водителка му возврати на гледач кој ја нарече дебела

ВИДЕО: Водителка му возврати на гледач кој ја нарече дебела

Водителката Џенифер Ливингстон од Висконсин доби огромна поддршка на интернет откако јавно му возврати на гледач кој преку e-mail ја критикуваше за нејзината тежина.

Џенифер ЛивингстонЏенифер Ливингстон

Џенифер, која е мајка на три деца, со огромна самодоверба и добро смислен одговор му се обрати на мажот кој ѝ ја испрати оваа порака:

„Вообичаено не ја гледам твојата утринска емисија, но денес кратко време ја гледав. Бев навистина изненаден што многу години твојата физичка состојба не се подобрила. Сигурно не се сметаш за добар пример за младите во оваа општина, особено за девојките. Дебелината е еден од најлошите избори што една личност може да ги направи и една од најопасните навики кои може да ги одржува. Ти ја оставам оваа порака со надеж дека ќе размислиш за твојата одговорност како локална јавна личност да презентираш и промовираш здрав начин на живот.“

На почетокот Џенифер ја игнорирала добиената порака, но откако нејзиниот сопруг (кој исто така работи како водител) ја објавил пораката на Facebook, започнала голема дискусија на оваа тема. Стотици лица напишале мили и охрабрувачки зборови за Џенифер, а воедно го искажале своето незадоволство од ваквите напади.

Во наредната прилика, Џенифер од емисијата му се обратила на „загрижениот“ гледач со одговорот:

„Вистината е дека јас сум со прекумерна тежина. Можете да ме наречете дебела. Но, до лицето кое ми го напиша тоа писмо: Дали си мислиш дека јас не го знам тоа? Мислиш ли дека твоите злобни зборови ми укажуваат нешто што не го гледам? Ти не ме познаваш. Не ми си пријател. Не си дел од моето семејство, а призна и дека не ја гледаш мојата емисија. Значи не знаеш ништо за мене, освен тоа што го гледаш однадвор... А, јас сум многу повеќе од цифра на вагата.“

„Октомври е национален месец на борбата против малтретирањето, а тоа е проблем кој секој ден станува сè поголем во нашите училишта и на интернет. Тоа е голем проблем во животот на младите луѓе денес. Како мајка на три млади девојки, тоа ме плаши до смрт. Јас сум возрасна жена и за среќа имам дебела кожа. Зборовите на тој маж не ми значат ништо. Но, она што навистина ме разлути е што има деца кои не знаат поинаку, кои секој ден добиваат пораки што содржат исто толку критики како онаа што јас ја добив, или можеби уште повеќе од тоа... Интернетот стана оружје. Нашите училишта станаа бојно поле. А тоа однесување е научено. Тоа е пренесено од луѓе како тој маж кој ми ја напиша пораката.“

„Ако сте дома и зборувате за дебелата жена од вестите, знаете што? Вашите деца најверојатно ќе одат на училиште и ќе наречат некого со зборот дебел. Мора да ги научиме нашите деца да бидат љубезни, да не критикуваат, а ние мора да сме пример за нив“.

Таа им се заблагодари на сите кои ја поддржувале и ги охрабри младите лица кои се малтретирани да не дозволуваат тоа да допре до нив.

„До сите деца кои се чувствуваат изгубени, кои се борат со тежината, кои се малтретирани поради бојата на кожата, сексуалната ориентација или инвалидноста, дури и поради акните на лицето, послушајте ме сега. Не дозволувајте тоа колку вредите да биде дефинирано од насилниците. Учете од моето искуство – злобните зборови на еден човек не се ништо во споредба со врисоците на многумина“ – со тие зборови Џенифер го заврши своето обраќање.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.