Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Верно куче трча по амбулантно возило кое го носи неговиот сопственик

ВИДЕО: Верно куче трча по амбулантно возило кое го носи неговиот сопственик

Видеото од мало куче коешто неуморно трча по амбулантното возило кое го пренесува неговиот сопственик до болница ќе ве растажи, но и ќе ви го стопли срцето.

Постапката на верното куче снимено во Бразил е уште еден доказ дека кучето е најдобар пријател на човекот.

Според локалните медиуми, кучето било до сопственикот кога тој доживеал епилептичен напад. Кога амбулантното возило тргнало кон болница, кучето започнало да трча и не покажувало знаци дека ќе се откаже. Трогнати од решителноста на кучето, медицинските лица во еден момент го пуштиле внатре во возилото.

На патот до болница кучето седело тивко и трпеливо покрај својот сопственик, што го изненадило болничкиот персонал.

„Го работам ова 19 години и никогаш досега немам видено нешто слично. Немам видено ваква реакција во целата моја кариера. Не можевме да поверуваме колку послушно беше кучето. Само седеше тивко и трпеливо покрај сопственикот во амбулантното возило сè до болница“ – пишува MailOnline, цитирајќи член на медицинскиот персонал кој го снимил видеото.

На крајот на видеото, кучето е снимено во болницата покрај онесвестениот маж.

Верно куче

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10496 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.