Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Бон Џови изненади мајка на четири деца болна од рак

ВИДЕО: Бон Џови изненади мајка на четири деца болна од рак

Џон Бон Џови израдува жена која боледува од рак на белите дробови. Славниот пејач неочекувано се појави во ресторанот во кој Керол Цесарио ручала заедно со пријатели и семејството.

Во видеото, болната мајка на четири деца возбудено зјапа во музичката ѕвезда и не може да си поверува дека има можност да поразговара и да сподели оброк со својот идол.

Видео

За време на едночасовната дружба, Бон Џови ѝ дозволи на својата обожавателка да преслуша песни од својот нов албум и ѝ подари потпишана гитара и книга.

Желбата на Керол била исполнета благодарение на објава на нејзината ќерка на Facebook. Во пораката таа сподели дека мајка ѝ отсекогаш била голема обожавателка на Бон Џови и дека сонувала да се сретне со него.

Откако објавата стигнала до тимот на Џон, семејството на Керол било покането на оброк во добротворниот ресторан на харизматичниот пејач.

Џон Бон Џови и Керол Џон Бон Џови и Керол Џон Бон Џови и Керол Џон Бон Џови и Керол Џон Бон Џови и Керол

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11095 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.