Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Анимиран филм за глобалниот карантин од македонско-австралиско студио

ВИДЕО: Анимиран филм за глобалниот карантин од македонско-австралиско студио

Огромен дел од светската популација изминативе недели поради корона вирусот радикално го промени секојдневниот живот, а секоја индивидуа на свој начин се соочи со изолацијата. Работејќи надвор од традиционалниот канцелариски простор, македонско-австралиското 3-Block Studio го изработи Quarantine, краток анимиран филм за глобалниот карантин поради пандемијата.

Видео

Иако сме навикнати на работа надвор од канцеларија, целата ситуација малку ни ги изремети студиските ангажмани, но за среќа, денес сè што е потребно за ваков начин на работа е компјутер, интернет, добра екипа и малку креативност. Сепак, како и кај повеќето, така и нас, ни се појавија неочекувани промени во ритамот, па ни се отвори простор за експериментирање на наши проекти и оттаму се роди идејата за приказната“ - вели Михаил Наумов.

Зад филмот стои петчлена екипа. Приказната е на Јакоб Ниланд, Михаил Наумов, Љубомир Саздовски и Иван Андреевски, кој, исто така, е режисер и потписник на сценариото. Арт дирекцијата и дизајнот се на Наумов и Саздовски, кој е одговорен и за моделирањето и осветлувањето. Монтажата и анимацијата се на Наумов, а Андреевски стои зад саунд дизајнот. Музиката е на Владимир Петковиќ.

„Од креативна страна се обидовме да доловиме како секој од нас би се справил со ваков застој на секојдневиот ритам во кој живееме, а од техничка страна пробавме да претставиме традиционална техника на анимирање, како Stop Motion, (која се работи практично, со физички кукли и фотоапарти), преку дигиталните алатки и 3D анимацијата. Беа користени доста стандардни софтвери за ваков вид на работа. Главно Autodesk Maya и Adobe After Effects, како и неколку дополнителни софтвери“ - истакнуваат од студиото.

Карантин Карантин Карантин Карантин

3-Block Studiо работи за aвстралискиот и балканскиот пазар и е најактивна во полето на 3D и 2D анимацијата, изработка на визуелни ефекти, како и осмислување и создавање анимирани ликови - карактер анимација.

Карантин Карантин Карантин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9512 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.