Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: „Embrace Life“ – YouTube реклама на годината

ВИДЕО: „Embrace Life“ – YouTube реклама на годината

Рекламата „Embrace Life - always wear your seat belt“ е прогласена за YouTube реклама на годината на доделувањето на Campaign Media наградите.

Видеото во забавена снимка ја потенцира важноста на носењето на сигурносен појас. Креативноста и емоционалниот елемент кои оваа реклама ги има во себе ги освоија срцата на многу луѓе ширум светот, а очигледно и на маркетинг експертите кои беа задолжени за изборот.

„YouTube е духовен дом на Embrace Life уште од нејзиното лансирање во јануари оваа година и им помогна на рекламата и нејзината важна порака да стигнат до луѓето ширум светот. Добивањето на наградата YouTube реклама на годината е прекрасно постигнување за сите вклучени во рекламата“ – изјавил Даниел Кокс, креатор на емотивната реклама.

Како победник, „Embrace Life“ ќе добие реклама на почетната страна на YouTube во вредност од 75 000 фунти, а со тоа пораката од рекламата ќе достигне до милиони луѓе низ светот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11341 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.