Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: 10-годишната Хедер е женската верзија на Џастин Бибер

ВИДЕО: 10-годишната Хедер е женската верзија на Џастин Бибер

YouTube е местото каде што се раѓа популарноста на многу ѕвезди. Новата музичка сензација за којашто допрва ќе се зборува е 10-годишната Хедер Расел.

Иако таа е многу млада, нејзиниот глас веќе се споредува со оној на Мараја Кери, а поради големиот интерес што го предизвика, некои ја нарекуваат женска верзија на Џастин Бибер.

Џастин беше „откриен“ на YouTube во 2007г. откако неговата мајка поставила видеа во кои тој пее.

Малечката Хедер пишува од 8-годишна возраст. Нејзината прва песна носи наслов „Beautiful“. Инспирацијата за нејзините оригинални песни таа ја црпи од големи музичари и музички групи како Принц, Џастин Тимберлејк, Квин и Алиша Кис.

Музичкиот продуцент Роб Фусари, кој работеше со Лејди Гага за нејзиниот албум „The Fame“, сега ќе се обиде ја прослави младата амбициозна пејачка.

Видеото во кое Хедер ја пее нејзината авторска песна „She Needs Love“ веќе е голем онлајн хит.

„She Needs Love“

„Every Step of the Way“ – Хедер и нејзиниот татко

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9518 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.