Почетна » Новости » Занимливости » Вечна љубов: Романтична „свадбена“ фотосесија на пар кој е во брак 55 години

Вечна љубов: Романтична „свадбена“ фотосесија на пар кој е во брак 55 години

Романтичната приказна на Дороти и Вејн е уште еден доказ дека вистинската љубов трае вечно. Заљубените партнери се во брак 55 години, а хемијата помеѓу нив се чувствува дури и преку фотографии.

Фотографката Суџата Сетија сними прекрасна „свадбена“ фотосесија со брачниот пар на плажа, а резултатот ќе ве восхити.

„Кога Дороти излезе од собата за пресоблекување во невестинскиот фустан, очите на Вејн засветкаа како 1.000 волшебни светла. Тоа беше магично“ – изјавила Суџата.

Дороти и Вејн Дороти и Вејн Дороти и Вејн

Првата љубовна искра помеѓу Дороти и Вејн се појавила во паб пред 57 години. Тој веднаш знаел дека токму со неа ќе го помине остатокот од својот живот. „Ја видов Дороти како танцува со нејзината другарка на крајот од ходникот и му реков на мојот другар ‘Ова е девојката со која ќе се оженам’. И 57 години подоцна... ние минавме низ секоја бура заедно и сè уште сме како да сме во нова врска“ – вели Вејн.

Дороти и Вејн Дороти и Вејн Дороти и Вејн Дороти и Вејн Дороти и Вејн Дороти и Вејн Дороти и Вејн

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.