Почетна » Новости » Занимливости » „Ве молам не ги бакнувајте бебињата во уста“: Апел на родители чие бебенце се бори со херпес симплекс

„Ве молам не ги бакнувајте бебињата во уста“: Апел на родители чие бебенце се бори со херпес симплекс

Мајка сподели фотографии од ќеркичката која 4 дена се борела за живот во болница откако била бакната во уста од член од семејството. Сега, таа апелира луѓето да не ги бакнуваат малите бебиња, бидејќи можно е несвесно да им го предадат вирусот херпес симплекс.

Херпес симплекс Херпес симплекс Херпес симплекс Херпес симплекс

Едногодишната Кејла добила виолетов осип по телото, а подоцна ѝ била дијагностицирана егзема причинета од вирусот херпес симплекс. Таа морала да прими две дози на антибиотици и да биде мачкана со различни кремови за да се опорави.

Докторите се сомневаат дека таа го префатила вирусот од некој кој ја бакнал на усните.

Мајката Броган Томас и таткото Конор Мерит раскажале за ужасното искуство, со цел да ги предупредат сите родители за потенцијалната опасност од бакнувањето на нивните деца.

Херпес симплекс

„Кејла плачеше толку силно, што знаев дека тоа може само да значи дека има болка. Бевме дома и планирав да ја бањам кога одеднаш ги видов сите тие белези на нејзините нозе. Тоа беше ужасен кошмар, имаше виолетов осип насекаде , а Кејла липаше од плачење. Бев преплашена“ – рекла мајката која мислела дека осипот е поврзан со менингитисот кој Кејла го имала претходно.

„Веднаш знаев дека мораме да ја одведеме во болница. Докторите ни рекоа дека веројатно ја бакнал некој со меур на усните и бидејќи имунитетот на бебињата не е доволно силен, кај неа се појавил овој осип“ – додала Томас.

Херпес симплекс Херпес симплекс

Кејла поминала 4 дена во болница, но за среќа, успеала да се справи со осипот без сериозни последици по здравјето.

Сега, еден месец подоцна, таа сè уште прима терапија, но е надвор од опасност.

Мајката Броган сака да им порача на другите родители дека не мора некој да е физички болен за да му наштети на нивното бебе, туку дека може да биде преносител без да е свесен за тоа.

„Ми олесна кога Кејла повеќе не беше во опасност. Само сакам другите родители да знаат дека не мора да бидете физички болни за да му наштетите на бебе – може да бидете само преносител на вирусот и така да му наштетите“ – вели таа.

Херпес симплекс

Директорот на Американската асоцијација за вирусот херпес, Маријан Николсон, вели:

„Ве молам, не ги бакнувајте бебињата на другите луѓе. Може да сте една од оние личности кои имаат меур на усните кој е толку мал што не се ни забележува. И покрај тоа, и мала инфекција може да му биде пренесена на новороденче. Ако бебето префати херпес пред да наполни 6-9 месеци, тоа може да биде многу сериозно, бидејќи имуниот систем не му е доволно развиен.“

„Мајките со меур на усните не треба да се грижат да си го бакнат сопственото бебе, бидејќи во последните месеци од бременоста, мајка која има херпес му предава на бебето заштитни антитела за овој вирус преку плацентата.“

„Но, ако мајката немала херпес, тогаш татко со меур на усните не смее да го бакнува бебето. И татковците треба да бидат внимателни да не ѝ го предадат вирусот на мајката во последните денови од бременоста, бидејќи тогаш може да биде предоцна таа да ги создаде антителата кои му се потребни на нејзиното бебенце. Тогаш, бебето нема да ја има потребната заштита кога ќе се роди“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10392 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.