Почетна » Новости » Занимливости » Мајка со фотографии предупредува зошто треба да мислите пред да бакнете бебе или мало дете

Мајка со фотографии предупредува зошто треба да мислите пред да бакнете бебе или мало дете

Мајка, преку шокантни фотографии од синчето кое едвај преживеало, предупредува за опасностите од вирусот херпес. Таа апелира луѓето да размислуваат десет пати пред да бакнат бебе или мало дете бидејќи последиците можат да бидат фатални.

Дете - херпес

Марија О’Нил од Ирска раскажа дека за малку ќе го изгубела своето 16-месечно синче, откако неговата состојба се искомплицирала поради вирусот, кој малиот Паркер го префатил преку бакнеж или допир пред неколку месеци.

Иако првите доктори кај кои се обратила Марија ја убедувале дека осипот ќе помине и дека не е ништо опасно, таа не се откажала од барањето лек и решение.

Го одвела момчето на Ургентно одделение каде веднаш било задржано. „Докторот ми кажа дека е од вирусот херпес и дека тој го префатил преку бакнеж или допир од некој кој е носител на вирусот“ – изјавила мајката.

За време на измачувачкиот период, момчето развило и егзема и анемија и до ден-денес мора редовно да посетува дерматолог.

Дете - херпес Дете - херпес Дете - херпес

„Можеше да биде фатално ако не го откриевме навреме. Навистина е ужасно и страшно, бидејќи читав за тоа претходно и никогаш не помислив дека може да ни се случи нам. Паркер беше храбро момче низ сето ова. Сега сум многу загрижена кога некој го гушка или бакнува.“

„Среќна сум што е малку поголем, бидејќи знам дека може да биде фатално за помали бебиња и новороденчиња“ – додава таа.

Дете - херпес Дете - херпес Дете - херпес Дете - херпес Дете - херпес

Во ноември 2014 година, вирусот херпес симплекс беше поврзан со смртта на новороденче од Квинсленд, Австралија. Неговата мајка јавно зборуваше за случајот за да ја подигне свеста за сериозноста на овој вирус.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10510 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.