Почетна » Новости » Занимливости » Вдовица тежела 141 кг по самоубиството на сопругот, но ослабела 56 кг и сега инспирира на Instagram

Вдовица тежела 141 кг по самоубиството на сопругот, но ослабела 56 кг и сега инспирира на Instagram

Жена, која достигнала тежина од 141 кг по самоубиството на нејзиниот сопруг, успеа да си го промени животот во позитивна насока и ослабе 56 кг за само една година. Џастин МекКејб инспирира многумина со својата решителност, сила и упорност во момент кога животот ѝ ги задавал најтешките удари.

Таа правела по една селфи фотографија во текот на 365 дена за да се мотивира себеси. Дел од нив стојат на нејзиниот профил на Instagram каде ја следат десетици илјади лица.

Видео

Џастин МекКејб Џастин МекКејб Џастин МекКејб Џастин МекКејб

31-годишната Американка и мајка на две деца започнала да качува килограми во текот на првата бременост на 18-годишна возраст. Но, таа го достигнала својот максимум откако побарала утеха во храната по смртта на нејзиниот сакан во февруари минатата година. Исхраната на Џастин се состоела од многу големи порции, кои најчесто вклучувале брза храна. Понекогаш таа вечерала и по трипати пред да си легне.

Џастин МекКејб Џастин МекКејб Џастин МекКејб Џастин МекКејб

Нездравата храната не решила ниту еден од проблемите на Џастин.

„Не пронајдов ниту еден одговор во емоционалното јадење. Си го измачував телото со храна која никогаш немаше да ми реши ниту еден проблем, ниту пак можеше да направи моите емоции да исчезнат“ – пишува таа во емотивен текст за смртта на нејзиниот сопруг.

Џастин МекКејб

МекКејб одлучила да го промени својот начин на живот откако почувствувала огромна сатисфакција по посета на фитнес центар во април минатата година. Таа започнала да го документира својот напредок со едно селфи дневно и тоа постојано ја мотивирало.

„Правењето по едно селфи во текот на 365 дена беше едно од првите нешта кои ги направив. Започнав во период на тага и на првата фотографија изгледам ужасно“ – рекла Џастин, која со секој изгубен килограм станувала се поголема авантуристка.

„Како што ми се намалуваа килограмите, чувствував како да ѝ кажувам збогум на тагата која ме измачуваше. Сфатив дека секојдневието ми е подобро ако поминам време за себе во фитнес салата. Набрзо деновите поминати во лежење и плачење започнаа да се намалуваат. Емоционалното јадење, неконтролираните порции и нездравата храна ги заменив со поздрави варијанти. Конечно пронајдов нешто во животот коешто можев да го контролирам. Нешто кое беше мое лично. Тогаш сфатив дека јас уживам во тоа“ – пишува таа.

Џастин МекКејб Џастин МекКејб Џастин МекКејб Џастин МекКејб Џастин МекКејб Џастин МекКејб Џастин МекКејб Џастин МекКејб Џастин МекКејб Џастин МекКејб Џастин МекКејб Џастин МекКејб Џастин МекКејб

Џастин сега тежи 85 килограми и тврди дека секој од нас може да ги постигне своите цели доколку не си поставува себеси ограничувања.

„Научив многу моќна порака во овие 12 месеци. Ние како човечки суштества сме неограничени. Сè што мислиме дека не можеме да го постигнеме започнува со ограничувањата кои си ги поставуваме самите. Сè е возможно, треба само да го направите првиот чекор“ – тврди таа.

Џастин МекКејб Џастин МекКејб Џастин МекКејб Џастин МекКејб Снежана Суш„Ги носеше нејзините лузни како најдобра облека. Неверојатен фустан од пеколни маки.“ Ова сум јас пред прозорецот. Оваа фотографија не ја определува мојата убавина ниту мојот карактер. Силното е убаво. Здравото е убаво. Љубовта кон себеси е убава. Вие сте убави. Не барајте прифаќање од другите, наместо тоа прифатете сè што ве прави уникатни. Единственото нешто кое го прикажуваат овие лузни е приказната низ која поминав.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11223 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.