„Кожата ми беше најголемата несигурност, но сега сметам дека тоа е најубавото нешто“ – вели Сара Гертс.
На Гертс ѝ бил дијагностициран Елерс-Данлос синдром кога имала само 10 години, нарушување на сврзното ткиво кое ја спречува способноста на телото да произведува колаген.
Поради оваа ретка состојба, кожата на 26-годишната девојка е целата насобрана, мека, ранлива и со брчки, што придонесува таа да изгледа како да е децении постара.




Сара признава дека целиот свој живот се борела со овој комплекс, но успеала да ги засака своите несовршености и сега гордо го покажува своето тело, обидувајќи се да се пробие во модниот свет. „Секоја несовршеност која ја имате е индивидуална за вас и таа ја раскажува вашата приказна, за тоа кои сте и борбата и патувањето на кое сте биле во животот“ – вели таа.



Гертс цели да им покаже на сите оние кои живеат со Елерс-Данлос синдромот дека се убави и можат да постигнат сè што ќе посакаат и да ги остварат своите соништа без разлика на околностите.







