Фотографиите на Каролине Ајнхоф и Бриџит Бал ќе ви го разбудат копнежот за заеднички летни авантури со вашите пријателки.
Атрактивните девојки кои поседуваат свои блогови за мода, убавина и патување споделуваат иста страст и редовно патуваат заедно низ светот. Нивните најнови фотографии од заедничките егзотични одмори постојно им го зголемуваат бројот на обожаватели на Instagram и им носат само комплименти.
Покрај заедничките фотографии, модерните блогерки споделуваат и сопствени фотографии од своите модни комбинации.
Каролине е по потекло од Германија и има 25 години. Таа е креатор на блогот „It’s Me Caro“, каде пишува дека никогаш не ни сонувала дека работата би можела да ѝ ги исполни сите соништа. Сега таа патува, ужива и патем, заработува од тоа.
Бриџит работела во одделот за односи со јавноста на Ив Сен Лоран во Њујорк, пред да донесе одлука да започне свој блог. Таа е лицето зад блогот „And I Was Like“.