Почетна » Новости » Занимливости » 22 земји за 8 месеци: Пар даде отказ, ја продаде куќата и тргна на авантура низ светот со малата ќерка

22 земји за 8 месеци: Пар даде отказ, ја продаде куќата и тргна на авантура низ светот со малата ќерка

Пар даде отказ од работа, продаде речиси сè што поседувал и тргна на патување низ светот со малата ќеркичка.

Откако им дошло преку глава од монотониот начин на живот кој се состоел само од работа и домашни обврски, Бен и Кели одлучиле да започнат да живеат сосема поразличен живот. Тие дале отказ од стабилните работни места, сакајќи да ѝ посветат квалитетно време на ќерката Лизел.

The FUNemployed Family

„Одлуката да ја напуштиме удобноста на нашата стабилна заработка и познатото опкружување, дефинитивно беше тешка. Но, знаеме дека ако не направевме промени, Лизел ќе имаше 18 години и пред да трепнеме ќе заминеше на факултет, а ние ќе го пропуштевме најголемиот дел од нејзиниот живот седејќи зад нашите бироа. Не сакавме да зажалиме што не живеевме исполнет живот.“

„Кога се роди Лизел, брзо сфативме дека помеѓу работното време од 9 до 5, трите часа патување од и до работа, брзањето дома за да ја заспиеме Лизел навреме, а потоа да подготвиме ручек за следниот ден, ние го немавме најдобриот живот.“

„Откако се вративме на работа по породилното отсуство, брзо сфативме дека напорната работа, долгиот пат до работа, трошоците за градинка и недостигот на квалитетно време за Лизел нема да функционираат на долг рок. Што е уште поважно, ние не бевме најдобрата верзија од себеси, ниту најдобри родители за Лизел“ – велат Кели и Бен.

The FUNemployed Family The FUNemployed Family The FUNemployed Family The FUNemployed Family

Пресвртен момент за парот било патување во Хаваи во 2017 година, кога и двајцата заклучиле дека патувањето со ќеркичката не е воопшто тешко и дека повеќе не им одговара стариот начин на живот.

Во април следната година, Бен дал отказ од работа, ја продал куќата и најголем дел од нештата кои ги поседувале. Кели дала отказ од работа во јуни и тогаш започнала нивната авантура.

За само осум месеци, Бен, Кели и Лизел посетиле 22 земји. „Започнавме од Европа, поточно Франција, Германија, Швајцарија, Австрија, Лихтенштајн, Шпанија, Хрватска, Босна, Црна Гора. Потоа продолживме во Азија, па во Индонезија, Тајланд, Малезија, Виетнам, Камбоџа и Филипини...“ – вели Кели.

The FUNemployed Family The FUNemployed Family The FUNemployed Family The FUNemployed Family The FUNemployed Family The FUNemployed Family

Двајцата авантуристи се категорични дека патувањата ги зближуваат партнерите.

„Патувањата ни помогнаа да си ја подобриме меѓусебната комуникација. Исто така, ни помогнаа да сфатиме дека кога сите сме фокусирани на одредена цел, ние работиме заедно навистина добро.“

„По речиси една година патување, Лизел екстремно лесно се адаптира и е одлична во комуникацијата. Создава пријатели каде и да оди и е отворена за нови искуства – не се плаши од гондоли, или од јадење егзотична храна или од искачување. Се надеваме дека искуствата од ова патување ќе останат со неа засекогаш и дека ќе продолжи да ја негува љубовта за патувања додека расте“ – објаснува Кели.

The FUNemployed Family The FUNemployed Family The FUNemployed Family The FUNemployed Family The FUNemployed Family The FUNemployed Family The FUNemployed Family The FUNemployed Family

Кели и Бен преку својот Instagram профил The FUNemployed Family се обидуваат да мотивираат и други парови почесто да патуваат и да го прават она што најмногу ги усреќува, наместо да живеат онака како што општеството им налага.

„Многу сме благодарни што имавме можност да го искусиме ова патување низ светот и навистина чувствувам дека го живеевме нашиот живот најдобро. Видовме и направивме многу нешта и тоа нè промени на начини кои тешко можат да се опишат. Патувањето ни даде огромно разбирање за тоа колку е голем и различен светот, но исто така колку поврзани и слични сме сите ние“ – велат тие.

The FUNemployed Family The FUNemployed Family The FUNemployed Family The FUNemployed Family The FUNemployed Family The FUNemployed Family The FUNemployed Family The FUNemployed Family The FUNemployed Family The FUNemployed Family The FUNemployed Family The FUNemployed Family The FUNemployed Family The FUNemployed Family The FUNemployed Family The FUNemployed Family The FUNemployed Family

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9498 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.