Почетна » Новости » Занимливости » Блогерката Моника Потер го тестираше Philips Lumea Prestige, ова се нејзините впечатоци

Блогерката Моника Потер го тестираше Philips Lumea Prestige, ова се нејзините впечатоци

Летото чука на нашите врати, заедно со релаксираните одмори на плажа, па дискусиите „Како до мазна кожа?“ стануваат сè пожешки.

Блогерката Моника Потер доби шанса да ја тестира Philips Lumea Prestige за долготрајно отстранување на влакната и ја нарече „мојата нова верна пријателка“. Таа на својот блог http://monikapotter.mk ги сподели нејзините впечатоци по првите третмани, кои ви ги пренесуваме подолу.

Моника

Отстранување на влакна отсекогаш била непријатна тема за мене. Традиционалната депилација со восок ми е болна и еднолична, а кон ласерските третмани секогаш сум гледала со доза на скептицизам.

Кога ја добив првично Philips Lumea Prestige да ја тестирам -најновиот фотоепилатор за домашна употреба моите чувства беа поделени. Се уште не знаев што да очекувам од овој производ, а скептицизмот повторно беше присутен.

Од друга страна бев и многу возбудена, бидејќи подолго време сонував за ваков уред кој еднаш засекогаш ќе ги укине непријатностите од секојдневното бричење, депилирање по различните делови на моето тело.

Почнав да го читам упатството, да гледам видеа како се користи. Во кратки црти би ви објаснила вака:

Philips Lumea Prestige е фотоепилатор кој користи IPL технологија, специјално развиена за да ги обезбеди сите предности на фотоепилацијата во домашни услови и за да постигнете подобар резултат со повисоко ниво на безбедност и удобност. Новото кај овој уред е дека тој сам го определува и препорачува степенот на сила (со помош на специјален сензор SmartSkin), во зависност од бојата на кожата на лицето и телото.

Уредот поседува 5 прилагодливи нивоа на сила на светлосниот импулс. Иако препораката е првично да се започне со ниско ниво на јачина(1-2), првиот третман сепак го направив со последната и најсилната јачина 5 бидејќи освен тоа што сензорот ми ја посочи таа јачина, сметав дека не треба да губам време познавајќи си го типот на влакненцата и нивната јачина.

Моника

Оние кои оделе на ваква слична постапка во салони за убавина, знаат дека за да може да се примени фотоепилација, влакната треба да се претходно отстранети. Таква е практиката и при фотоепилаторите за домашна употреба. Најмногу ме радува фактот дека моделот на Philips Lumea кој го користам може да се користи и на лице (овој модел има специјален додаток за третирање на лице), бидејќи веќе нема да имам потреба од депилација на овој дел особено бидејќи кожата таму ми е многу нежна и се исфрлам.

Моника

Околу самата постапка: Овој уред може да работи бежично и со кабел. Јас го користам бежично бидејќи подобро го ракувам така (да напоменам дека вака батеријата се троши побргу).
На прво користење бев изненадена од импулсот кој го чуствувате како вид на затоплување. Но, тоа не е нешто премногу или неподносливо. Навистина е лесно да се навикнеш на него. Болка воопшто нема. Исто така интензивна црвена светлина што се гледа при испуштање на импулсите е сосема безопасна за видот и нема потреба да носите некаква заштита на очите.

Морам и да напоменам дека доколку некое влакненце ви остане неострането, од јачината на светлината се гори и може да замириса, но тоа не претставува никаква пречка за да продолжите со третманот.

Временскиот распоред на третманите е препорачан да биде со ова темпо: првите 3-4 третмани ги правите на две недели, а понатаму еднаш месечно за долготрајно одржување на ефектите.

Моника

Поради нашето динамично секојдневие исполнето со многу обврски, постои посебна апликација на Philips Lumea што ќе ве потсетува кога треба да го направите следниот третман (во неа си обележувате за секој дел од телото).

Моето конечно мислење?

Кога би го сумирала моето едномесечно искуство со IPL епилација Филипс Lumea Престиж во една реченица, би рекла дека резултати се реални и видливи. Третирам нозе (само до колена), раце лице и препони. По два третмани исчезнаа повеќе од половина од влакненцата. Lumea Prestige ветува речиси целосно ослободување од влакненцата, но по третиот и четвртиот третман. Ова е така пред се, бидејќи не сите влакненца растат во ист период и потребно е да се опфатат сите зони пропорционално.

Моника

Колку посветла кожа имате а воедно и потемни влакна- толку ефектите се поголеми! За крај, чувството на меката и нежна кожа по третманот ми дава слобода при изборот на облека и ме прави самоуверена да носам се што сакам и кога сакам.

Моника

Повеќе за Philips Lumea Prestige

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10625 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.