Почетна » Новости » Занимливости » Битолското чупе ги испрати добитниците на нивната голема берлинска авантура

Битолското чупе ги испрати добитниците на нивната голема берлинска авантура

Маја Мојсова Мијовска и нејзиното семејство вчера попладне отпатуваа за Берлин каде што благодарение на Бимилк и омиленото Битолско млеко со 10 витамини ќе ја посетат најубавата Зоолошка градина во Европа – Берлинската Зоолошка.

Добитници на наградата од Бимилк

Минатиот месец Бимилк донесе среќа на многумина кои учествуваа во наградната игра „Авантурите на Битолското чупе“. Најсреќни меѓу нив беа добитниците на главната награда кои непосредно пред тргнувањето рекоа:

„Со нетрпение го очекувавме овој момент и почетокот на нашата авантура во Берлин, еден од најубавите градови во светот. Нашето семејство е голем љубител на Битолското млеко а оваа награда е доказ дека Бимилк умее да ги награди своите верни потрошувачи. Уживавме заедно со нашите деца собирајќи сликички, научивме многу нови работи и се надевавме на главната награда. Верувам дека ќе се вратиме од Берлин со многу нови впечатоци и побогати за едно големо ново доживување“ – изјави Маја Мојсова Мијовска.

Добитници на наградата од Бимилк

Минатиот месец во Битола беа извлечени среќните добитници од големата наградна игра на Бимилк и брендот Битолското млеко со 10 витамини. Покрај најсреќните добитници кои тргнаа на незаборавно патување, се радуваа и уште 565 добитнци на 15 плеј стејшни, 50 ваучери во вредност од 3.000 денари и 500 Бимилк производи.

Добитници на наградата од Бимилк

Битолското чупе и Бимилк ќе продолжат и понатаму преку оригинални и креативни активности да носат незаборавни искуства за сите деца.

За повеќе информации за „Бимилк“ посетете ја нашата веб страна: www.bimilk.mk или Фејсбук страната на Бимилк.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11063 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.