Почетна » Новости » Занимливости » Битолски јогурт во кругот на познатите семејства

Битолски јогурт во кругот на познатите семејства

Веќе добро е познато дека Битолскиот јогурт е секогаш во кругот на семејството. Тој ги негува семејните вредности, традицијата и заедничките семејни моменти, но знае и да изненадува, да поттикнува дружење и заедничко уживање околу трпезата.

Така, во интересна акција, Битолскиот јогурт беше присутен и во кругот на познатите семејства. Знаејќи дека поради нивната ангажираност во јавниот живот, тие, несомнено, се грижат за своето добро здравје и добриот изглед, препознатливото Битолско чупе ги посети во нивниот дом и им достави уникатни подароци.

Шармантната Маја Гроздановска-Панчева, сопруга на познатиот фудбалер Дарко Панчев, нè пречека со отворена врата, а ќерките Надица и Марија беа особено изненадени од подарокот.

Битолското чупе кај славните Битолското чупе кај славните

Панчеви велат дека доброто здравје и внесот на витамини и хранливи материи се особено важни за нивната исхрана, но она што е императив за време на нивниот оброк е токму собирањето на целото семејство.

Битолското чупе ги посети и Сања Ристиќ и Дејан Пецаковски, познатиот пар што од неодамна го имаат и третиот но најважен член – Иан. Се разбира, пријателите од Бимилк не го изоставија ниту него, па и тој си доби своја уникатна шолјичка.

Битолското чупе кај славните

Сања, меѓу другото, е позната и по својот активен начин на живот и е голем промотор на практикувањето здрави навики, па Битолскиот јогурт ѝ дојде како полн погодок. Дотолку повеќе што и за малиот Иан е исклучително важно да внесува дополнителна количина калциум, кој е потребен за правилен раст и развој на неговите коски.

Битолското чупе кај славните4 Битолското чупе кај славните

Во оваа интересна акција не беа изоставени ниту внучињата на познатата актерка Снежана Коневска-Руси, Павел и Саша. „Кај баба е најубаво“, често знаат да кажат тие, а изненадувањето на врата им го направи денот уште поубав.

„Внуците ми се најголема радост“, вели Снежана, а кога тие ги внесуваат сите потребни минерали и витамини, јас сум најсреќна. „Да бидам искрена, и за мене е многу важно што Битолскиот јогурт позитивно влијае врз линијата и врз крвниот притисок, и е одличен во комбинација со секаков вид храна во кој било период од годината“, ни рече Снежана.

Битолското чупе кај славните Битолското чупе кај славните Битолското чупе кај славните Битолското чупе кај славните

Додека овие 3 семејства уживаат во пријатниот вкус на Битолскиот јогурт во кругот на своите најблиски, Битолското чупе и пријателите на Бимилк се подготвуваат за нова авантура да изненадат нови семејства на кои, исто така, ќе им го направат денот поубав.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25951 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.