Почетна » Новости » Занимливости » „Бејби бум“: 12 вработени на неонатологија во иста болница беа истовремено бремени

„Бејби бум“: 12 вработени на неонатологија во иста болница беа истовремено бремени

Во една болница во Вирџинија се случува вистински „бејби бум“.

Дванаесет вработени на одделот за неонатологија и наонатална интензивна нега беа бремени во исто време. Две од нив се породија, а 10 сè уште ги носат бебенцата во своите утроби.

Среќните трудници и мајки позираа заедно за фотосесија во болницата во која работат.

„Ова е најголем број трудници во еден оддел во историјата на болницата. Пет од нив за првпат стануваат мајки“ - изјавил претставник на болницата.

Трудници и мајки

„Си го чуваме грбот. Сите сме тука за да си помагаме ако на некоја ѝ треба одмор или има докторски преглед“ – велат трудниците.

Трудници и мајки Трудници и мајки

Медицинските сестри изјавиле дека секогаш е забавно да се гледаат реакциите на пациентите за нивните труднички стомачиња. „Сите се смеат заедно со нас“ – признаваат тие.

Трудници и мајки

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11527 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.