Почетна » Новости » Занимливости » Бесценет спомен: Шест генерации жени од едно семејство позираат заедно за фотографија

Бесценет спомен: Шест генерации жени од едно семејство позираат заедно за фотографија

Фотографија од шест генерации жени деновиве се шири на интернет.

На неа, 98-годишната Мејдел за првпат ја држи својата пра-пра-правнука родена во декември минатата година. Зад нив позираат нејзините ќерка, внука, правнука и пра-правнука, која е мајка на бебенцето.

Шест генерации жени

Внуката на Мејдел, Грејси, објаснила дека нејзината баба има родено свои 13 деца и им е маќеа на уште 10 други деца. Во нејзиниот живот, низ раце ѝ имаат поминато стотици бебиња, бидејќи Мејдел може да се пофали со 622 потомци.

За фотографијата, Грејси рекла:

„Мислевме дека е специјално, бидејќи сите сме женски“.

Грејси објаснува дека иако Мејдел во јули ќе наполни 99 години, таа сè уште има остар ум и не се плаши да каже како се гледа дете.

„Бебето беше кенкаво, па таа ѝ го зеде на мајката од рацете. Имаме фотографија како ѝ ги скокотка малите стапала. Слатки моменти“ – рекла внуката.

Шест генерации жени Шест генерации жени

Грејси раскажала дека животот на нејзината баба Мејдел не бил секогаш лесен, но дека никогаш ја немала слушнато да се пожали.

Мејдел стапила во брак со својот прв сопруг кога имала 16 години, а тој 50. Покрај тоа што им била маќеа на неговите 10 деца, таа му родила уште 13 заеднички деца.

„Ги немаше модерните погодности, немаше машина за миење садови, немаше вода. Знам дека ѝ беше тешко, но не се жалеше. Едноставно го минуваше денот“ – рекла Грејси.

Во текот на годините нејзиното семејство само растело, а следното бебе кое ќе се роди ќе биде 622. во него. „Ова е големо семејство“ – вели Грејси и додава. „Таа живееше исполнет живот. Ја обожавам“.

Шест генерации жени

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.