Почетна » Новости » Занимливости » Бесплатен прибор за откажување од пушењето

Бесплатен прибор за откажување од пушењето

Стоп на пушењето

Пушачите во Британија кои сакаат да се откажат од својата штетна навика, можат да го направат тоа со помош на бесплатен прибор наменет токму за нив. Овој прибор е разработен како резултат на истражување кое покажало дека дури 44% од пушачите имаат во план да ги откажат цигарите од Нова Година.

Во приборот се вклучени:

  • две аудио снимки за кои е научно докажано дека го намалуваат апетитот за цигара;
  • стрес играчка која помага рацете да бидат зафатени;
  • четка за заби – за да ги потсетува пушачите колку е важен свежиот здив;
  • алатка за пресметување на парите што се штедат со откажувањето на цигарите;
  • план за откажување во кој пушачите можат да го обележуваат својот прогрес во текот на 29 дена.

Владата на Британија работела со експерти и пушачи со цел да биде создаден комплет кој навистина ќе може да им помогне на пушачите да се ослободат од оваа штетна навика.

За жал, сè уште не е познато што содржат двете аудио снимки или дали всушност се музика.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11090 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.