Почетна » Новости » Занимливости » Бебе како Дејвид Бекам? Нема? Тогаш Бен Афлек

Бебе како Дејвид Бекам? Нема? Тогаш Бен Афлек

Ben Affleck

Многу луѓе низ светот им се воодушевуваат на популарните актери, пејачи, спортисти или бизнисмени. Но, има дел од нив што одат малку подалеку од воодушевување и сакаат бебе што ќе изгледа како нивната омилена славна личност.

Банката за сперма Cryobank во Калифорнија им дава можност на жените и неплодните парови да изберат донор кој најмногу наликува на нивната омилена ѕвезда од шоу бизнисот. Клиниката нуди донори кои личат на Тајгер Вудс, принцот Вилијамс, Том Круз, Квентин Тарантино, Бил Гејтс, но и многу други славни ѕвезди.

Можеби ќе се изненадите, но на врвот на листата за најбарани е донор кој наликува на Бен Афлек.

Оваа банка нуди и друга услуга, донор кој е холивудски хибрид, пример да ги има очите на Дејвид Бекам и брадата на Метју Меконахи.

Портпаролот на банката изјавил: „Повеќе од 750 клиенти ги имаат искористено нашите услуги од пуштањето на оваа понуда во летото. Донорот „Дејвид Бекам“ беше толку популарен што банката остана без шишенца, па сега тој е пензиониран“.

Донорите не се избираат врз основа на нивниот изглед. Само 1% од мажите кои аплицираат стануваат донори во оваа банка. Прво поминуваат низ многу тестови на крвта, преглед на семејната медицинска историја и тестови за утврдување на бројот на сперматозоидите.

За жал на многу жени, сè уште не е најден соодветен донор кој личи на Бред Пит или на Џорџ Клуни.

Банката предупредува дека оваа услуга не значи дека нивните бебиња ќе личат навистина на холивудските ѕвезди. Генетиката е комплицирана работа.

Дали реално бебињата ќе личат да славни личност ќе се дознае дури во април, затоа што оваа услуга се предлага од јули оваа година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11120 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.