Почетна » Новости » Занимливости » Бајковитите свадбени аутфити на невестата која си ја навези љубовната приказна на здолништето

Бајковитите свадбени аутфити на невестата која си ја навези љубовната приказна на здолништето

Креша Баџаџ отсекогаш посакувала да си ја дизајнира сопствената венчаница. Па, откако нејзиниот сакан Ванраж Завер ја побарал за жена, таа започнала да крои планови за свадбената облека.

Сакајќи да има уникатна венчаница, која сепак ја следи индиската традиција, таа започнала да реализира комплексна идеја – да ја прикаже на облеката својата љубовна приказна.

Свадба Свадба

Така, на белото здолниште се навезени значајни моменти од нејзината врска со Завер. Во најдолниот дел, на самиот раб се прикажани делфини, бидејќи нејзината сторија со Завер започнала со протест против држењето на морски цицачи во заробеништво. Исто така, прикажана е сцена од нивната свршувачка на Малдиви, а шарата во централниот дел всушност е повторување на нивните имиња.

Свадба Свадба Свадба Свадба Свадба

За големиот ден, Креша создала повеќе свечени аутфити. Погледнете фотографии од свадбата која се одржа во Удајпур, Индија.

Свадба Свадба Свадба Свадба Свадба Свадба Свадба Свадба Свадба Свадба Свадба Свадба Свадба Свадба Свадба Свадба

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11588 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.