Кристи Бринкли се има појавено на над 500 корици на списанија, а продолжува да нижи фотосесии и во седмата деценија од животот.
Младоликиот супермодел позираше во летни комбинации и костими за капење за списанието „Social Life“, а фотографиите поттикнаа нова лавина комплименти за нејзиниот изглед.




Во интервјуто, Кристи зборувала за своите авантуристички желби и планови: „Сакам да се возам низ Америка и да пловам низ Грција и Сицилија. Сакам да ја видам поларната светлина и сантите пред да исчезнат“.






