Почетна » Новости » Занимливости » „Ако сакаш да имаш силен брак, прави ги нештата кои обично не ги правиш“

„Ако сакаш да имаш силен брак, прави ги нештата кои обично не ги правиш“

Жаклин Ворен со моќни текстови покажува колку треба да се цени партнерот и да се работи на одржување на бракот.

Блогерката и авторка преку најновиот текст нè потсетува да посветиме внимание на малите нешта, бидејќи тие се важни за да го одржиме бракот силен и стабилен.

Жаклин

Ако сакаш да имаш силен брак, прави ги нештата кои обично не ги правиш.

Ако сопругата ја пере цела облека, скокни и здипли ги алиштата.

Ако сопругот станува прв и ја празни машината за садови, намести си аларм и направи му кафе.

Прави ги нештата кои обично не ги правиш.

Ако сопругата е задолжена да им помага на децата со домашните задачи, земи пенкало и најди неколку одговори.

Ако сопругот го изнесува ѓубрето, врзи ја вреќата пред да биде преполнета.

Прави ги нештата кои обично не ги правиш.

Ако и двајцата сте вознемирени, извини се прв/а.

Прави ги нештата кои обично не ги правиш.

Бидејќи бракот е партнерство.

Јас и ти сме заедно против сите емоции и дистракции и притисоци и напади кои ќе бидат насочени против нас.

И докажан начин да се штитите еден со друг е да ја ставите љубовта во акција и да си го олеснувате товарот еден на друг во секоја можност која ќе ви се пружи.

И прави ги нештата кои нормално не ги правиш.

Многу сум благодарна за подарокот на бракот.

Жаклин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11195 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.