Почетна » Новости » Занимливости » Авантурист од Данска го прошета цел свет без да се качи во авион, ја посети и Македонија и сподели впечатоци

Авантурист од Данска го прошета цел свет без да се качи во авион, ја посети и Македонија и сподели впечатоци

Запознајте го Тор Педерсен – првиот човек кој го прошета цел свет без да се качи во авион. 44-годишниот Данец го започна своето патување пред 10 години и неодамна ја посети последната земја на неговата листа.

Неговиот амбициозен проект тој го нарече „Once Upon a Saga“. Со посетата на Малдиви, заврши неговата авантура која траела 3.512 дена.

Тор Педерсен

Тор минувал најмалку по 24 часа во една држава, а патувал со автомобил, автобус, воз и брод – вклучувајќи и 37 контејнерски бродови.

„Горд сум што никогаш не се откажав во целото ова патување. Се гордеам што можев да ја покажам силата која беше потребна“ – изјавил тој.

Тор Педерсен Тор Педерсен

Ковид-пандемијата ги одложи неговите патувања две години. Тој останал заглавен во Хонгконг, а само што се отвориле гранциите, заминал за Австралија.

За време на паузирањето од авантурите, Тор се ожени со својата долгогодишна девојка.

Тор Педерсен Тор Педерсен

Педерсон е многу среќен што во секоја земја наишол на љубезност и поддршка од граѓаните.

„Не можам да се сетам на земја во која не добив љубезност и поддршка од луѓето. Сега, кога ќе гледам мапа или кога ќе вртам глобус, ќе гледам во нив и ќе мислам: ‘има некоја личност добра и љубезна во секоја од овие земји и јас имав среќа да наидам на нив – какви се шансите за тоа?’“ – вели упорниот Данец.

Педерсон ја посети и Македонија. На неговиот блог, тој ги објави своите впечатоци за нашата земја.

Тор Педерсен

Македонија е мала балканска земја преполна со планини, езера, грозје и околу 2 милиони луѓе. Тоа е прекрасна земја со богата историја и култура.

Македонија е пријателска и мирна земја со температури кои достигнуваат до 45 степени налето и може да има температури до -30 степени во зима. Македонија е членка на Обединетите нации и полека оди во правец да стане и членка на Европската Унија.

Според мештаните, Скопје е град кој претрпе многу промени во изминатите 10 години. Многу реновирање и модернизација. Се појавија многу статуи во знак на сеќавање на револуционерните херои и важни историски личности. Слушнав многу Американци како велат дека ‘Скопје е прекрасен град и дека ги потсетува на Скандинавија’. Не знам каква сличност нашле со Скандинавија, но дефинитивно ќе се согласам дека Скопје е убав град. Во него живеат околу 500.000 луѓе и не би ме чудело ако сите се пријателски расположени. Градот е голем и опкружен со планини. Низ него тече реката Вардар, има многу зелени површини, многу ресторани и кафулиња, интересна архитектура и сето тоа се вклопи со мојот многу ограничен буџет.

Македонија е добро позната по свежите производи, како што се грозјето и портокалите. Има еден ски-центар што умирам да го пробам некој ден! Најстарото езеро во Европа се наоѓа во Македонија. Јазикот е словенски и не е ни приближно стар како албанскиот или грчкиот, но тежок ми е за изговор.

Македонија е секако доволно убава за да се најде на мојата листа. Ќе се вратам некој ден под различни услови и со нетрпение ќе чекам да ја истражам Македонија малку повеќе. Се гледаме тогаш.

Тор Педерсен Тор Педерсен Тор Педерсен Тор Педерсен Тор Педерсен Тор Педерсен Тор Педерсен Тор Педерсен Тор Педерсен Тор Педерсен Тор Педерсен Тор Педерсен

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11211 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.