Почетна » Новости » Занимливости » Facebook достигна 500 милиони корисници!

Facebook достигна 500 милиони корисници!

Вчера Facebook објави дека 500-милионитиот член се регистрирал на социјалната мрежа. Пред две години, Facebook имаше 100 милиони корисници, а денес – само бројот на дневно склучени пријателства изнесува 115 милиони!

Марк Цукерберг – основачот на FacebookМарк Цукерберг – основачот на Facebook

Огромниот број на интеракции дозволуваат да се состават интересни статистики, како на пример:

  • половина од корисниците се најавуваат на Facebook секој ден;
  • просечниот корисник има 130 пријатели;
  • просечниот корисник објавува фотографии, линкови од други веб сајтови, видеа или друга содржина околу 90 пати месечно;
  • корисниците на Facebook качиле повеќе од 50 милијарди фотографии, а 15 милијарди од нив се тагнати;
  • најцитирани луѓе на профилите на корисниците се Алберт Ајнштајн, Марк Твен, Оскар Вајлд, Махатма Ганди и Вилијам Шекспир;
  • 20% од корисниците се изјаснуваат како сингл, а 16% се во брак.

Facebook се појави во 2004г. како алатка за поврзување на студентите од неколку избрани универзитети од САД. Го надмина бившиот ривал MySpace во април 2008г., престигнувајќи го на нешто под 100 милиони корисници. Денес, околу 70% од корисниците на Facebook живеат надвор од САД. Но, и покрај големиот пораст на популарноста и зголемувањето на бројот на корисници, некои работи не се менуваат. Така на пример, најпопуларни книги уште на почетокот биле Библијата и Хари Потер, а тоа не се променило до денес.

Во Македонија секој трет човек има профил на Facebook. Вкупниот број на корисници од нашата земја изнесува 725 000, а од нив – 300 000 се жени.

Facebook е најпопуларна социјална мрежа во сите земји на светот, освен во Русија, Јапонија, Кина и Кореја. Ако Facebook беше земја, неговите 500 милиони членови ќе го направеа 3-тата најголема земја во светот (зад Кина и Индија).

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10610 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.