Почетна » Новости » Занимливости » Eucerin Volume-Filler концентрат

Eucerin Volume-Filler концентрат

Комерцијален текст

Новиот Eucerin Volume-Filler концентрат е со високаконцентрација на магнолол, олигопептиди и хијалуронска киселина, кои го поддржуваат подобрувањето на волуменот и тонусот на кожата како дел од грижата против стареењето, овозможувајќи подмладени и редефинирани лицеви контури.

Еуцерин

Концентратите се комплетно во мода – тие се дури четвртиот најчесто употебуван производ против стареење: „Концентратите и серумите имаат многу лесна текстура, а тоа им дозволува оптимално да пенетрираат во кожата и да имаат поголем ефект. Високата концентрација на активно состојки им дозволува да дејствуваат многу поинтензивно“, вели д-р Андреа Шулерман, клинички советник во DermoCosmetics Eucerin®. „Кога ги нанесувате на добро исчистена кожа, регенeративните својства се подобрени“, изјави Шулерман. Како резултат на тоа, концентратите станаа речиси неопходни во борбата против стареењето и нега на кожата, па повеќето жени се постојано во потрага по производи кои ќе можат ефикасно да се справат со знаците на стареење.

„Стареењето на кожата има многу лица: со зголемување на возраста, жените често се жалат не само на брчките, туку и дека изгледаат „уморно“, „под стрес“ или „тажно". Причината за тие промени не се само брчките, но и губењето на волуменот и тонусот на кожата на лицето. Колку повеќе волумен има лицето - толку пополни јагодици, а со тоа и позитивен и младешки израз на лицето. Така, во тесна соработка со дерматолозите, ние ги развивме Eucerin® Volume-Fillerпроизводите кои ефикасно ги враќаат волуменот и тонусот на лицето", вели д-р Андреа Шулерман.

Концентратите тројно повеќе го враќаат волуменот на лицето
За младешки изглед, со подобрување на волуменот и тонусот на кожата, експертот за нега на кожа Eucerin® сега ја прошири Eucerin® Volume-Filler колекцијата со Eucerin® Volume-Filler Концентрат. Формулата ефикасно го обновува изгубениот волумен и ги редефинира контурите на лицето; трите високо концентрирани активни состојки делуваат врз различните слоеви на кожата. Магнололот се добива од листовите на магнолијата и има својство да го зголеми бројот и големината на клетките кои го даваат волуменот на кожата. Олигопептидите го стимулираат создавањето на колаген во епидермисот, го подобруваат метаболизмот на кожата и ги реанимираат внатрешните процеси помеѓу клетките во кожата, кои се карактеристични за помладата кожа. Хијалуронската киселина обезбедува интензивна хидратација на рожнатиот слој на кожата, со што моментно се намалува сувоста, која е основна причина за појавата на првите брчки.

Редоследот на заштита е од суштинско значење за оптимален ефект

„Кога се користат серуми и концентрати, мора да се има предвид редоследот на негата. Првиот чекор е секогаш правилно да го исчистиме лицето, а потоа со нежна масажа се нанесува концентратот, се додека целосно да се апсорбира во кожата. Исто така, важно е грижата која следи секогаш да е прилагодена на индивидуалниот тип на кожа и таа да се користи како додаток на концентратот. Причина: серумите и концентратите не содржат голема количина на липиди, кои се исклучително важни за заштита на кожата од сушење и од влијанијата на животната средина“, вели д-р Шулерман. „Освен тоа, дополнителната дневна нега треба да содржи и заштитен фактор од сонце кон УВА и УВБ зраците, што дополнително го спречува предвременото стареење на кожата“, додава таа. Затоа, ако концентратот се применува во утринските часови, Eucerin® Volume-Filler Дневниот крем се препорачува како дополнителна заштита. Кога се користи во текот на ноќта, Eucerin® Volume-Filler Ноќниот крем ќе биде негата која следи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11067 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.