Почетна » Новости » Занимливости » E-mail од „свекрва од пеколот“ стана вирален хит

E-mail од „свекрва од пеколот“ стана вирален хит

За секоја идна невеста е многу важно да биде прифатена од семејството на нејзиниот сопруг. Но, неретко слушаме хорор приказни за односите снаа-свекрва. Една таква приказна штотуку го обиколи светот, а сè започна вака...

Каролин Борн, 60-годишна Британка, решила да ја искритикува преку e-mail својата идна снаа за лошото однесување. Идната невеста, Хајди Витерс, ја испратила пораката на свои блиски пријатели (најверојатно за да ги запознае подобро со идната свекрва), а тие пријатели ја испратиле на свои пријатели и набрзо пораката станала вирален хит.

29-годишната Хајди добила e-mail од Каролин, која всушност е маќеа на нејзиниот свршеник Фреди, откако била на викенд посета кај семејството Борн.

„Крајно време е некој да ти објасни што се тоа добри манири. Ти очигледно немаш такви и те сожалувам“ – напишала разлутената свекрва.

Хајди и ФредиХајди и Фреди

Откако ја прекорила што не му напишала рачно порака со благодарност за гостопримството, што помагала кога не било побарано тоа од неа, што станала во доцните утрински часови и што започнала да јаде пред сите останати, лошата свекрва ги прекорила и нејзините родители што не заштедиле пари за свадбата.

Каролин БорнКаролин Борн

Еве дел од писмото:

Ако сакаш да бидеш прифатена од поширокото семејство Борн, ти советувам во најскоро време да побараш совети од експерти... Те молам, за твое добро, за доброто на Фреди и за твоето идно приклучување во семејството Борн да сториш нешто колку што е можно поскоро.

Еве неколку примери за твојот недостаток на манири:

  • Кога си гостин во туѓа куќа, не објавуваш што ќе јадеш, а што нема да јадеш, освен ако не си алергична на нешто.
  • Не даваш забелешки дека немаш доволно храна.
  • Не започнуваш да јадеш прва пред сите други.
  • Не помагаш дополнително без да бидеш поканета од твојот домаќин.
  • Кога си гостин во туѓа куќа, не се излежуваш в кревет до доцна наутро во домаќинство кое е ранобудно, туку се прилагодуваш на куќните норми.
  • Никогаш, никогаш не треба да го навредуваш семејството кон кое ќе се приклучиш, а дефинитивно не во јавност. Претпоставувам дека си сакала да се пошегуваш, но реакцијата во пабот беше шок, а не смеа.
  • Редовно го привлекуваш вниманието кон себе. Можеби треба да се запрашаш себеси зошто. Никој не прави свадба во замок, освен ако не го поседува. Тоа е дрско однесување во селебрити стил.
  • Разбирам дека твоите родители не можат да придонесат многу за покривањето на трошоците за свадбата. (Нема ништо лошо во тоа, освен што конвенцијата е таква што човек би помислил дека тие би штеделе во текот на годините за свадбите на ќерките.)
  • Ако е таков случајот, би било дамски и благородно да си ги намалиш побарувањата и да имаш скромна свадба која ќе одговара на вашите приходи.

Г-ѓа Борн, нарекувана онлајн „свекрва од пеколот“, не пропуштила да ѝ каже на Хајди дека го сожалува Фреди. Ниту Каролин, која е реномирана одгледувачка на цвеќиња, ниту нејзиниот сопруг Едвард, ниту идниот младоженец не сакале да дадат изјава по објавувањето на пораката.

Едно е сигурно: на свадбата на Хајди и Фреди ќе има доста тензија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9512 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.