Почетна » Новости » Занимливости » Coca-Cola хуманитарниот новогодишен караван пристигна во Скопје!

Coca-Cola хуманитарниот новогодишен караван пристигна во Скопје!

Новогодишниот караван на Coca-Cola пристигна во нашиот главен град и приреди вистинско новогодишно доживување за сите присутни вчера на плоштадот „Македонија“.

Многубројната публика уживаше во детската претстава, присутните се дружеа и фотографираа со Дедо Мраз, се забавуваа заедно со ѕвездите на X-Factor, Боби Мојсоски, Јелена Ѓуриќ, Илија Михаиловиќ и Душан Шаренац, кои со своите песна ја загреа уште повеќе атмосферата.

Coca-Cola караван Coca-Cola караван

Низ целиот свет, веќе години по ред, новогодишните караваните на Coca-Cola го шират празничното расположение и нè потсетуваат дека токму во овој период од годината треба да ги отвориме срцата и да споделиме добрина.

Мисијата на „Coca-Cola“ караван е собирање книги за децата во Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за детски болести во Скопје. И не само тоа, „Coca-Cola“ ќе преуреди една заедничка просторија во болницата во која децата ќе се дружат, читаат, играат.

Coca-Cola караван

Сите сте добредојдени да учествувате во оваа добротворна мисија и заеднички да донесеме насмевка на лицата на дечињата и да им ги направиме новогодишните празници посебни.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11089 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.