Почетна » Новости » Занимливости » BlackBerry рецепт на денот

BlackBerry рецепт на денот

Дали сте вкусиле совршено BlackBerry (капина) колаче?

Потребни состојки за одличен и лесен рецепт:

  • 2,5 филџани брашно за текстура
  • 1 прашок за печиво за хемија
  • половина лажичка цимет за мирис
  • 2 јајца
  • 1 филџан јогурт
  • 1 филџан шеќер за да биде слатко
  • 8 лажици стопен путер
  • 1 ванила
  • 1,5 филџани капини за да биде свежо

Целата смеса се меша со жица за матење, а на крај се додаваат капините. Се пече во загреана рерна на 200 степени 17-20 минути, во претходно намастени калапи за мафини. Рецептот е доволен за 15-ина мафини. Се служат малку изладени – може за појадок, за ужина, како лесен десерт, може да ги понесете на пикник или да ги поканите пријателите дома. Уживајте!

Дали сте го пробале совршениот BlackBerry® Z10?

Новиот BlackBerry Z10Новиот BlackBerry Z10

Потребни состојки за елегантен и поинаков смарт-телефон:

  • Оперативен систем BlackBerry® 10
  • Peek и Flow во BlackBerry® Hub за да овозможи користење на повеќе апликации
  • Нов BBM™ за чет или видеоповик, за да може да го споделите она што е на Вашиот екран, како слики или да креирате група со соговорниците
  • BlackBerry® Balance™ за заштита на сите Ваши службени податоци и апликации од приватните податоци и профили
  • Камера за прилагодување на елементи на слика, како отворени очи или насмевка, за да создаде совршена слика
  • И сè друго според Вашиот вкус и потреба
BlackBerry Z10 во црна и бела бојаBlackBerry Z10 во црна и бела боја

Сите состојки заедно се дизајнирани во досега најбрзиот и најнапреден смарт-телефон од BlackBerry. И, ако не можете да го направите сами, достапен е за Вас во продажните места на Vip. Се користи дома и на работа, како телефон или како компјутер, за сите деловни контакти и апликации, но и за забава со семејството и пријателите. Сè на едно место. Уживајте!

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12001 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.