Почетна » Новости » Занимливости » BDF студио за мириси: Како се доаѓа до одреден мирис на производот?

BDF студио за мириси: Како се доаѓа до одреден мирис на производот?

Магијата на мирисите

Од сите наши сетила, сетилото на мирисот најмногу се поврзува со емоциите. Иако мирисите се невидливи и испаруваат, тие се поврзуваат со спомените и токму затоа имаат влијание на нашата потсвест и чувства. Мирисите можат да го намалат стресот или апетитот, или пак да направат да се чувствуваме посреќни.

Мириси

Психологија на мирисите

Секогаш кога се подготвува нов мирис на некој НИВЕА производ во предвид се земаат дизајнот на производот, концептот, целната група и формулацијата, за да се осигура дека мирисот совршено одговара со овие фактори. Иако мирисот е најмала компонента на производот, тој е клучен за неговиот успех. Мирисот на производот е еден од клучните фактори кои влијаат на одлуката за купување кај потрошувачите. Тоа е особено очигледно кога се во прашање дезодоранси и гелови за туширање. Меѓутоа, мирисот на кремата има уште поголем потсвесен ефект. Мирисите имаат ефект на скоро сè – вклучувајќи го и убедувањето на личноста за тоа колку добро некој производ функционира. Една иста формулација може да предизвика различни резултати кај студиите на истражување на пазарот, само врз основа на тоа дали на учесниците им се допаѓа мирисот на производот.

Совршен мирис

Мирисите се развиваат заедно со добавувачите на парфемите. Баерсдорф соработува со шест меѓународни парфимерии, од кои две имаат сопствени канцеларии во одделението за мириси на Баерсдорф. Овој начин на работа со одбрани добавувачи е дел од „Проектот на куќата Баерсдорф” и се извршува во многу различни области на одделението за истражување и развој. За нов мирис на некој производ се испитуваат два до три добавувачи, заради поставување на основна работна рамка за мирис – заснована на концепт, целна група и производ. Бидејќи експертите од одделението за мириси го завршуваат предизборниот процес и бидејќи се изведуваат првите почетни тестови, три мириси се идентификуваат за студиите за истражување на пазарот, кои го довршуваат процесот. На крајот, потрошувачите конечно одлучуваат за тоа кој мирис најмногу им се допаѓа. Освен тоа, работата со мирисните патенти и осигурувањето на квалитетот се главните делови од работата со кои се занимава одделението за мириси. Формулациите кои имаат непријатен мирис во непарфимиран облик, несаканите интеракции меѓу парфемите и активните состојки на производите или мирисите кои потполно се менуваат после шест месеци се тестираат. На крајот, парфемот мора да биде стабилен кога се додава во формулата, природниот мирис на производот треба да биде покриен и пред сè, нежен за кожата. Затоа, се проверува дали маслата од добавувачите содржат алергени.

Меѓународни разлики

Мирисите се многу субјективни. На пример, во Америка е омилен вкусот на диња и слатки бели ливчиња, а во Европа овие мириси се далеку помалку популарни. За да се развијат мириси за локалните пазари, користејќи ги локалните трендови, работата на одделението за мириси е се повеќе регионално ориентирана.

Сетило на мирисот – Следете го својот нос

  • Секоја личност има околу 30 милиони олфакторни ќелии. Секоја ќелија се заменува со нова за време на четири до шест недели. Оваа функција на брзо обновување осигурува сигурно работење на нашето сетило за мирис.
  • Жените подобро го перципираат мирисот на потта за разлика од мажите. Дури ни дезодорансите ни афтершејвовите не можат да ја намалат оваа чувствителност. Женското сетило за мирис функционира како филтер систем кој буквално ги анализира сите потенцијални партнери.
  • Околу 5 проценти од популацијата страда од олфакторно нарушување. Тоа значи дека исто така ги изгубиле и поголемиот дел од сетилата за вкус, бидејќи аромите се перципираат првенствено низ мирисните молекули. А бидејќи не можат да ги почувствуваат мирисите, па дури ни чадот, анозмијата може да го загрози животот. За среќа, околу две третини од сите пациенти го враќаат своето чувство за мирис во рок од две години.
  • Секој кој сака да изгуби на тежина треба често да помирисува ванила. Овој мирис го стимулира лачењето на серотонин во мозокот – што го смалува апетитот. Мирисот на ванила се смета и за афродизијак.
  • За разлика од сликите и звуците, мирисите директно се испраќаат во најстариот дел на нашиот мозок: мозочно стебло. Затоа мирисот предизвикува сеќавања кои директно се поврзани со чувствата, како на пример мирисот на лосион за сончање кој не потсетува на одмор.
  • Околу 15% од популацијата е пречувствително на мириси и хемикалии, а овој процент е во постојан пораст. Дури 72% од луѓето кои боледуваат од астма се пречувствителни на мириси. Речиси во секоја категорија од производите на Баерсдорф постои производ кој не содржи парфеми и е наменет токму за овие луѓе.

Омилени НИВЕА мириси

НИВЕА крема

Nivea Creme

Ненадминлива хидратантна крема за сите типови кожа, и за сите генерации во текот на сите годишни времиња! НИВЕА кремата ѝ го пружа на кожата сè она што ѝ е потребно за таа да остане негувана и мека. Омилената крема содржи сроден еуцерит, единствена хидратантна состојка која кожата ја прави неодоливо мека. Со оглед на фактот што на почетокот на 20-тиот век кога е креирана кремата, биле достапни многу малку синтетички ароми, НИВЕА мирисот се состои воглавно од етерични масла. За мирисот придонесуваат и аромите од роза, лилјани, јоргован, љубичица и лаванда, со наговестување на портокал и лимон. Тајната формула за оригиналниот мирис на кремата не се менува се до денес.

НИВЕА Powerfruit Relax гел за туширање

Nivea Powerfruit

Откријте ја комбинацијата на моќта на овошјето и богатата нега под тушот. Препуштете се на сензуалниот мирис на Acai бобиците и запловете во светот на уживањето, додека свиленкастиот гел за туширање со антиоксиданси од боровинки ја негуваат вашата кожа и ја обвиваат со мека пена. Ги опушта мислите и го ревитализира телото.

НИВЕА Fresh Natural спреј

Nivea Fresh Spray

НИВЕА дезодорансот FRESH NATURAL содржи екстракти од дното на океанот и пружа ефикасна 24-часовна заштита од потење со чувство на свежина. Мириса на море и на свежо цвеќе. Оптимална комбинација на дезодорантна 48-часовна антиперспирантна заштита и блага НИВЕА нега.

НИВЕА Sun лосион за сончање кој ја негува кожата

Nivea Sun

Кога ќе помислиме на мирисот на летото, на многу од нас прва асоцијација ни е NIVEA Sun. Негувачката формулација заснована на напредната експертиза на НИВЕА, доверливо штити и ѝ пружа длабока и долготрајна влажност на кожата. Ефикасниот УВА/УВБ систем пружа моментална и долготрајна заштита од сонцето, и го смалува ризикот од алергија на сонцето. NIVEA Sun производите како горна мирисна нота имаат јасмин, мандарина и вербена, а во срцето на мирисите се розата и цветот од портокал, а долните ноти се мошус и сандаловина.

Промотивен текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10496 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.