Српското музичко-театарско дуо „Alice in WonderBand“ ја воодушеви публиката со несекојдневна интерпретација на безвременскиот македонски хит „Учи ме мајко, карај ме“.
Ана Врбацки и Марко Динјашки, кои стојат зад овој проект, ја изведоа песната во свој препознатлив стил со „body music“, при што телото станува инструмент, а ритамот, гласот и движењето се спојуваат во вистинска уметничка симбиоза.
Изведбата наиде на бројни пофалби од публиката и следбениците на социјалните мрежи, кои ја нарекоа „мајсторски спој на традиција и современост“.
Видео
@aliceinwonderbandserbia Uči me, majko, karaj me | Šarenica RTS #balkanmusic #bodymusic #telesnamuzika #worldmusic #globalmusic ♬ original sound - Alice in WonderBand
Дуото „Alice in WonderBand“ постои од 1998 година и е едно од најоригиналните имиња на балканската сцена. Во своите настапи тие комбинираат музика, театар и танц, создавајќи уметност во која звукот на телото и емоцијата на сцената се во совршен баланс.
