Почетна » Новости » Занимливости » 91-годишен старец опишува какво е чувството да остариш

91-годишен старец опишува какво е чувството да остариш

Мудар дедо кој ја живее десеттата деценија од животот му даде на својот внук интересен одговор на прашањето „Какво е чувството да остариш?“. Текстот кој внукот го објави на Reddit стана хит на социјалните мрежи.

Старец

Го прашав дедо ми какво е чувството да остариш. Дедо е таков човек што секое утро размислува од кој дел од весникот да започне со читање, па знаев дека ќе му треба повеќе време за да одговори на моето прашање. Не реков ништо. Му дозволив да си ги среди мислите.

Кога бев момче, дедо еднаш и ми даде комплимент за оваа моја навика. Ми рече дека е добро што поставувам прашање, а потоа замолчувам. Комплиментите од него беа вистинска реткост, па оваа навика набрзо стана дел од мојот карактер и добро ми служи.

Дедо ми зјапаше низ прозорецот во празната хранилка за птици што висеше на огромното дрво до вештачкото езерце, кое тој го направи во пролетта 1993 година. Цели 20 години дедо ми секоја вечер ја полнеше хранилката, но престана да го прави тоа минатата зима, кога одењето стана претешко за него.

Без да го трга погледот од прозорецот, тој ме праша: „Дали некогаш си бил под топол туш, а водата одеднаш да стане ладна?“

Му одговорив потврдно.

„Така изгледа стареењето. На почетокот на животот, се чувствуваш како да стоиш под жежок туш. Прво водата е премногу топла, но подоцна се навикнуваш на топлината и започнуваш да уживаш. Но, кога си млад, тоа го земаш здраво за готово и мислиш дека ќе остане така засекогаш. Животот продолжува така некое време.“

Дедо ме погледна со своите очи кои виделе толку многу промени во светот. Се насмевна и ми намигна.

„И ако си среќник, неколку убави жени ќе ти се придружуваат под тушот одвреме-навреме.“

Се насмеавме. Потоа погледна низ прозорецот и продолжи.

„Започнуваш да го чувствуваш стареењето во своите 40-ти и 50-ти години. Температурата на водата незначително опаѓа. Речиси е незабележливо, но ти знаеш дека се случило и знаеш што значи. Се престоруваш дека не го чувствуваш тоа, а сепак сè уште се обидуваш да пуштиш топла вода за да се стоплиш. Но, водата останува млака. Еден ден сфаќаш дека си ја пуштил топлата вода до максимум и дека рачката не оди понатаму и од тој момент натаму, температурата започнува да опаѓа. Секој ден чувствуваш како топлината постепено го напушта твоето тело.“

Дедо поткашла и извлече шамиче од џебот на својата волнена блуза. Си го исекна носот, го стутка шамичето и си го врати во џебот.

„Да бидам искрен, се чувствуваш беспомошно. Водата сè уште е пријатна, но знаеш дека наскоро ќе стане ладна и не можеш да направиш ништо за да го промениш тоа. Ова е моментот кога некои луѓе одлучуваат да го напуштат тушот под свои услови. Тие знаат дека водата никогаш повеќе нема да стане потопла, па зошто да го одложуваат неизбежното? Јас можам да останам, бидејќи се успокојувам со сеќавањата на туширањата од мојата младост. Живеев добар живот, но сè уште посакувам да не ја земав мојата младост здраво за готово. Но, сега е предоцна. Независно колку силно се трудам, знам дека никогаш нема да ја вратам топлата вода.“

Тој застана за момент, но продолжи да гледа низ прозорецот со тие очи кои виделе 91 година на оваа Земја. Тие очи кои живееја за време на Големата депресија, тие очи кои го минаа Тихиот Океан во Втората светска војна, тие очи кои го видоа раѓањето на неговите три деца, пет внуци и седум правнуци. Тој навистина проживеа добар живот, си помислив во себе.

„И такво е чувството да остариш.“

СтарецФотографии од мудриот старец - лево за време на Втората светска војна, а десно, пред неколку години

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11255 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.