Почетна » Новости » Занимливости » 86-годишна баба блесна на својата свадба во сопствена креација, го одушеви светот

86-годишна баба блесна на својата свадба во сопствена креација, го одушеви светот

Мили Тејлор-Морисон стана мета на бран комплименти откако се омажи во виолетова креација, која ја дизајнираше сама.

Среќната невеста е во деветтата деценија од животот и е доказ дека никогаш не е доцна за љубов и дека возраста е само бројка.

Мили Тејлор-Морисон

Нејзината внука сподели свадбена фотографија на Facebook и привлече речиси 100 илјади лајкови и илјадници коментари.

„Ова е мојата прекрасна баба, Мили Тејлор-Морисон, која се омажи викендов на 86 години. Таа наполни 86 години пред една седмица, а нејзиниот нов сопруг ќе наполни 86 години во декември.“

„Мојата баба беше мажена за мојот дедо 41 година пред тој да почине. Таа повторно пронајде љубов речиси 25 години подоцна и нашето семејство е пресреќно. Ова е чист доказ дека возраста е само бројка и дека секој може да пронајде љубов повторно“ – напиша таа.

Околу 200 лица присуствувале на свадбата на Мили и нејзиниот избраник Харолд која се одржала на 16 октомври.

Мили Тејлор-Морисон Мили Тејлор-Морисон Мили Тејлор-Морисон

За својата венчаница, Мили рекла: „Имав визија како да изгледа фустанот, па од млад маж во мојата црква, кој е артист, побарав да го скицира и го однесов на кројач. Пурпурната и бојата на лаванда ми се омилени. Фустанот беше токму онаков каков што сакав. Се чувствував прекрасно.“

Мили Тејлор-Морисон Мили Тејлор-Морисон Мили Тејлор-Морисон Мили Тејлор-Морисон

По објавувањето на фотографиите, многумина побрзаа да искоментираат дека Мили изгледа како вистинска дама.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11174 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.