Почетна » Новости » Занимливости » 63-годишна баба одби да седи дома и да чува внуци, продаде сè што имаше и сега патува низ светот

63-годишна баба одби да седи дома и да чува внуци, продаде сè што имаше и сега патува низ светот

Никогаш не е предоцна за да си ги следите соништата.

Баба од Бразил привлече големо внимание откако одби да седи дома за да ги чува внуците и наместо тоа избра да патува низ светот. Своите авантури таа ги документира на Instagram.

Јосефа Феитоса Јосефа Феитоса Јосефа Феитоса

Јосефа Феитоса немала шанси да ги посети омилените земји, бидејќи цел живот им го посветила на трите деца. Но, кога дошол моментот да замине во пензија, таа не го направила она што се очекувало од неа – да се грижи за внуците, нешто што е обичај во Латинска Америка.

63-годишната жена продала сè што имала за да има доволно средства да го следи својот сон. Сепак, многумина ја осудија поради оваа нејзина одлука, нарекувајќи ја „себична“, на што таа возвратила:

„Има многу живот надвор од малата кутија наречена дом. Не стануваш баба за да се грижиш за внучето. Бабите не би требало да се грижат за внуците“.

Јосефа Феитоса Јосефа Феитоса Јосефа Феитоса Јосефа Феитоса

Јосефа ги охрабрува повозрасните жени да ги следат нивните соништа и да ја преземат контролата врз сопствените животи, ослободувајќи се од предрасудите и стереотипите наметнати од општеството.

Јосефа Феитоса Јосефа Феитоса Јосефа Феитоса Јосефа Феитоса Јосефа Феитоса

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11192 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.