Почетна » Новости » Занимливости » 5-годишно момче со ампутирани нозе собра 1,5 милион долари за болницата во која му го спасија животот

5-годишно момче со ампутирани нозе собра 1,5 милион долари за болницата во која му го спасија животот

Тони Хаџел е мал херој. 5-годишното момче со новите протетички нозе изоди 10 километри во еден месец и со тоа собра 1,5 милион долари за болницата во која му го спасија животот.

Тони Хаџел

Малото детенце од Лондон било физички малтретирано и тепано од своите биолошки родители. Кога имало само 41 ден, завршило во болница со сериозни повреди. Тони бил на работ на смртта, бидејќи родителите не го однесле навреме на доктор зашто „чекале да дојде водоводџија“. Малото бебенце имало бројни фрактури на нозете, развило сепса, имало токсичен шок и повеќе органи му откажувале.

Тони Хаџел

Храброто момче успеа да се избори и преживеа, но докторите во 2017 година морале да му ги ампутираат двете нозе.

Тони Хаџел

Денес, Тони освојува милиони срца ширум светот со својот херојски подвиг. Со поддршката на своите нови родители, тој успеа да го заврши предизвикот од 10 киломери.

Тони Хаџел

Видео:

„Неверојатна е помислата дека пред само неколку недели Тони едвај правеше неколку чекори. Тој е толку силно и решително момче и ние сме многу горди со него. Сакаме да им се заблагодариме на сите за дарежливоста и поддршката на добротворната акција на Тони. Не можеме да бидеме посреќни што парите ќе одат на место кое е толку значајно за нашето семејство“ – изјавила неговата мајка.

Тони Хаџел Тони Хаџел Тони Хаџел Тони Хаџел Тони Хаџел

Тони бил мотивиран да започне да собира средства, откако ја слушнал приказната за Капетан Том – 100-годишен старец кој собра 40 милиони долари со тоа што изоди 100 кругови околу својата градина во карантин.

Неговата донација била за медицинските работници од Националната здравствена служба (NHS).

Тони Хаџел Тони Хаџел Тони Хаџел Тони Хаџел

Биолошките родители на Тони се осудени на казна затвор од 10 години.

Тони Хаџел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10389 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.