Почетна » Новости » Занимливости » 5-годишно девојче кое се бори со неизлечив рак посака бајковита свадба, желбата му беше исполнета

5-годишно девојче кое се бори со неизлечив рак посака бајковита свадба, желбата му беше исполнета

Ејли Петерсон води мачна битка со неизлечив рак. 5-годишното девојче, кое боледува од невробластома, создало листа на желби, а на самиот врв била мечтата „свадба од бајките“.

Изминатиот викенд големата желба ѝ била исполнета. Ејли и нејзиниот најдобар другар Харисон биле ѕвезди на церемонијата на која присуствувале и девојки и момци облечени во костими на суперхерои и Дизни ликови.

Ејли и Харисон

За време на церемонијата, на малите дечиња им бил прочитан краток текст во стил на бајка за животната приказна на Ејли. Приказната, во која ракот бил нарекуван „злобно чудовиште“, била напишана од мајката на Ејли.

Ејли и Харисон

На крајот, малите дечиња биле прогласени за најдобри другари. Просторијата била преполна со емоции.

Таткото на момчето изјавил: „Харисон никогаш нема присуствувано на свадба, па ова беше ново за него. Церемонијата беше прекрасна и тој уживаше во секоја минута. Беше многу возбуден. Откако се запознаа со Ејли, тие се неразделни. Тој знаеше колку многу ѝ значи нејзе и сакаше да направи сè што може.“

Ејли и Харисон

Мајката на Ејли ја опишува својата ќерка како „принцеза која не запира пред ништо за да преживее“. Таа моментално собира средства за да може да му ги исполни желбите на малото девојче и да создаде што поспецијални семејни спомени.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9466 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.